Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 17. Ноември – Светски ден на предвременото породување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > 17. Ноември – Светски ден на предвременото породување
ЗДРАВЈЕ

17. Ноември – Светски ден на предвременото породување

Објавено November 17, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Светскиот ден на предвременото породување, кој се одбележува на 17 ноември, годинава доби историско признание од Светската здравствена организација(СЗО) која официјално го додаде овој датум на својот календар. Ова глобално признавање ја нагласува итната потреба предвременото раѓање да се третира како приоритет на јавното здравје. Главна движечка сила зад ова достигнување е Дорис Молел, основач на фондацијата „Doris Mollel“ од Танзанија.

Годинашната кампања на Глобалната фондација за грижа на новороденчиња (GFCNI) се одвива под слоганот: „Да им дадеме силен почеток на предвремено родените бебиња за посветла иднина“, инспириран од темата на СЗО „Здрави почетоци, надеж за иднината“. Пораката до владите, здравствените системи и заедниците е дека секое предвремено родено бебе треба да ја добие неопходната грижа и шанса да преживее и да напредува.

Организацијата Лулка, заедно со партнерите ширум светот, работи на обединување на семејствата, здравствените работници, креаторите на политики и компаниите за да се создадат решенија што ќе им овозможат на предвремено родените бебиња не само да преживеат, туку и да растат и да се развиваат. Целта е да се подигне свеста за предвременото породување и да се поттикне отворена и континуирана комуникација меѓу сите клучни фактори.

Клучни цели за Светскиот ден на предвременото породување за 2025 се:
-да се приоритизира предвременото раѓање во националните здравствени политики, во согласност со признавањето на овој ден од СЗО;
-да се обезбеди еднаков пристап до навремена, стручна и квалитетна нега за предвремено родените бебиња и поддршка за нивните семејства;
-да се поттикнат инвестиции во здравството и во благосостојбата на овие деца како основа за поздрави и поотпорни општества.

Во Македонија, приоритетите вклучуваат подигнување на јавната свест за значењето на навремен и стручен третман на предвремено родените бебиња и охрабрување на соработката помеѓу семејствата, здравствените работници, компаниите и здравствените власти како креатори на политики.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Македонија е влезена во силен инвестициски циклус
Следна Статија Би-Би-Си ќе му се спротивстави на Трамп, нема основа за тужба за клевета

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Седум предупредувачки знаци кои укажуваат на превисок шеќер во крвта

Симптомите на покачен шеќер во крвта лесно може да се игнорираат, погрешно да се сфатат или да се занемарат. Тоа…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Четири симптоми на висок холестерол и затнати артерии

Високиот холестерол и затнатите артерии често се развиваат без никакви очигледни знаци, па затоа многу луѓе не се свесни дека…

August 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Протеин повлечен од продажба во Хрватска, го има ли кај нас?!

Поради присувство на метални честичким, повлечен е прашокот Whey Protein со вкус на чоколадо во пакување од 30 грама и…

November 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Скопска гинекологија ќе добие современ ин- витро центар

Со 27 милиони денари (околу 440 илјади евра) ќе се прави современ, модерен ин витро центар, најави денеска директорката на…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?