Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
ХРОНИКА

18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари

Објавено February 21, 2025 11:38
Сподели
Сподели

Од почетоков на месецов заклучно со вчерашниот ден (20.02.) полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР издале 18.132 платни налози на граѓани-учесници во сообраќајот за сторени прекршоци по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, соопшти МВР.

Најголем дел од тие непочитувања на сообраќајните правила и прописи се однесуваат на пречекорување на брзината на движење – 6.056, потоа непрописно паркирање – 4.213 инепоседување на возачка дозвола – 1.510.

Инаку, во рамки на вчерашните активности на полициските службеници во поглед на постојаните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, според статистичките показатели, беа издадени 864 платни налози. Притоа по основ на непочитување на брзината на движење и непрописното паркирање евидентирани се – 273, односно 270 прекршоци. Исто така, по основ на управувањето на возило без возачка дозвола вчера беа детектирани 58 прекршоци, потоа следат 33 случаи на некористење сигурносен појас и 28 случаи на зборување со мобилен телефон при управување со возило.

Покрај ова евидентирани се 14 прекршоци кај пешаци, седум лица управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, и три минувања на црвено светло. Во 21 случај, согласно Законот за возила, од сообраќај се отсранети нерегистрирани возила, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград
Следна Статија Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Царината заплени над 5 илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Почина работникот кој пред 3 дена падна во градилиштето „Треска“

Почина 27-годишниот Л.Ш од село Ѓермо тетовско откако пред 3 дена падна од градилишето „Треска“ во Центар. Младото момче се здобило со…

November 5, 2024
ХРОНИКА

Голема полициска акција утрово – приведени 29 лица меѓу кои и екс директори на РЕК Битола меѓу нив и Васко Ковачевски

Од рано изутрина полицијата и јавното обвинителство тргнаа да расчитуваат со политичкото криминално подземје во РЕК Битола, триесетгодишна корупциска пандемија…

December 10, 2024
ХРОНИКА

Полицијата трага по 35-годишен скопјанец

На 22.10.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(64) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?