Таткото на 19 годишната девојка од Тетово која во саботата падна од тераса од куќата на нејзиниот дедо, вчера самиот се пријавил во полиција по што со него е извршен разговор, велат од полицијата.
-Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А., информира МВР.
По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Девојката по падот се здобила со тешки повреди, а по укажаната прва помош, итно била транспортирана во Клиничкиот центар во Скопје поради сериозноста на повредите.