Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 2.150 евра за три месеци: Се бараат поранешни полицајци, војници и пожарникари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 2.150 евра за три месеци: Се бараат поранешни полицајци, војници и пожарникари
МАКЕДОНИЈА

2.150 евра за три месеци: Се бараат поранешни полицајци, војници и пожарникари

Објавено June 11, 2026 08:31
Сподели
Сподели

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упати јавен повик до поранешни припадници на полицијата, Армијата и противпожарните единици да се вклучат во претстојната сезона на гаснење пожари на отворен простор и шумски пожари. За ангажман од три месеци, заинтересираните ќе добиваат по 44.000 денари месечно нето, односно вкупно 132.000 денари или околу 2.150 евра.

Според повикот, ДЗС има потреба од возачи на специјални противпожарни возила, оператори на противпожарни пумпи вградени во возилата, како и оператори со противпожарни водни ранци и метли.

Станува збор за ангажман на лица кои имаат најмалку пет години искуство во полицијата, Армијата или противпожарните служби, без разлика дали се пензионирани или од други причини ги напуштиле овие институции.

Од Дирекцијата информираат дека работното време ќе биде прилагодено на потребите на теренот и ќе зависи од обемот на пожарите. Ангажираните лица ќе бидат повикувани кога ќе има зголемен ризик и потреба од интервенции, а слободните денови ќе се усогласуваат според состојбите на теренот и потребите на персоналот.

„Дојдете, помогнете и заработете 2.150 евра за три месеци во текот на летото, гаснејќи ги пожарите на отворен простор кои претстојат пред нас“, се наведува во повикот на ДЗС.

За пензионираните кандидати е нагласено дека нивната пензија нема да биде прекината, туку ќе продолжи редовно да се исплаќа, додека надоместокот за ангажманот ќе го добиваат дополнително преку договор на дело.

Дирекцијата ќе обезбеди здравствени прегледи, проверка на психофизичката подготвеност, кратка противпожарна обука, униформи и неопходна опрема. По завршувањето на обуката, ангажираните лица најпрво ќе бидат вклучени во полесни интервенции, а потоа и во посложени акции за гаснење пожари низ целата држава.

Во рамки на акцијата ќе бидат користени 22 специјални возила „Пинцгауер“, пет „Хермелини“ и 15 пренаменети БТР возила за противпожарни намени.

Повикот го објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во пресрет на летната сезона, кога традиционално се бележи зголемен број пожари на отворен простор и шумски пожари низ земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Денеска ќе го нападнеме Иран многу силно
Следна Статија ПАП и ХПВ тестовите поевтинуваат, цените се намалуваат до 200 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје, ѓубре ти ќе бидеш! (ФОТО)

Ѓубре кое се излева од контејнерите, непријатна миризба околу нив. Скопјани повторно коментираат за хигиената во метрополата. Фотографијата споделена на…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Под мотото „Ангел си ти“ фановите во Крушево го одбележаа 44-от роденден на Тоше Проески

Под мотото „Ангел си ти“ фановите од Македонија, од Србија, Хрватска, од Бугарија во Спомен-куќата за Тоше, во Крушево го…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синдикат на полиција: Зошто ОЈОГОКК молчи за кривично дело над 25 милиони евра сторено од поранешниот министер Спасовски?

Денес сме пред ОЈОГОКК, по не знаеме кој пат да потсетиме за основната обврска што ја има оваа институција, а…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почна судењето за поткупот за ИПАРД фондовите

Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска…

March 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?