Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

Објавено March 13, 2025 20:31
Сподели
Сподели

„Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со полжавот, ако мислете дека со лигавење ќе стигнете до врвот се лажете, барем јас така не мислам. Јас сум застапник на тезата подобро тешко, отколку срамно. И тоа се принципите и вредностите во кои што верувам.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски вели дека членството на Македонија во ЕУ не зависи од ниту една резолуција, туку од билатералните односи кои што за жал рече тоа го дозволи Европската унија.

-Нашата близина и далечината со ЕУ не зависи од тоа дали ние сме ко-спонзори на оваа или онаа резолуција, туку зависи исклучиво од билатерални прашања, кои што за жал истата таа ЕУ дозволи да се случат. Дали јас грешам не знам, дали ќе успеам во ова не знам, јас сум го добил легитимитетот од граѓаните пред 9 месеци, пола милион луѓе излегле и гласале, рече Мицкоски.

-Јас немам намера да бакнувам пенкала, да се смешкам додека ме навредуваат, понижуваат и омаловажуваат, тоа што го мислам и моите аргументи што ги имам, не велам дека се најисправните и најточните, но јас сум ја добил довербата на граѓаните да ги презентирам тие аргументи кои што ги бранат интересите на оваа држава, на сите граѓани, нагласи Мицкоски.

На прашањата доколку Вашингтон рече тоа е тоа, дека треба да се гласаат уставните измени, Мицкоски нагласи:

„Нема да ги гласам, тоа нема да се случи. Нема да ги гласам се додека Бугарија исто така не ги заврши своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи
Следна Статија Тигрите слават 44 години од формирањето: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почнува Божиќниот пост

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божиќен пост. Постот ќе трае 40 дена,…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Започна официјалната посета на словачкиот претседател Пелегрини: Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден во Охрид е прогласена автокефалност на МПЦ

На 18 јули 1967 година во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), донесол одлука…

July 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје повторно прв најзагаден град во Европа

Скопјани и утрово се разбуди во смог. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е прв најзагаден град во Европа,…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?