Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 20-годишниот Македонец кој се удави во Ханиоти имал срцев удар, откри спасувачот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 20-годишниот Македонец кој се удави во Ханиоти имал срцев удар, откри спасувачот
ХРОНИКА

20-годишниот Македонец кој се удави во Ханиоти имал срцев удар, откри спасувачот

Објавено June 26, 2025 11:07
Сподели
Сподели

Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „20-годишен странец (државјанин на Македонија) е извлечен без свест од морскиот дел на плажата Ханиоти во општина Касандра“.

Момчето со возило на брзата помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што била констатирана смрт.

Крајбрежната управа на Неа Мудања спроведува прелиминарна истрага за смртта на 20-годишниот, а телото ќе биде пренесено во Служба за судска медицина во Солун за да се изврши обдукција.

Волонтерот спасувач Јоанис Колокитас кој само неколку минути по несреќата пристигнал на плажата, преку социјалните мрежи изрази жалење за смртта на момчето и посочи дека 20-годишниот доживеал срцев удар по давење во морето.

Објасни дека спасувачката која била на плажата со помош на други капачи го извлекле момчето од морето и веднаш започнала со пропишаниот процес на реанимација со истовремена употреба на автоматски дефибрилатор.

Во 16:45 ми се јавија и пристигнав на местото за две минути, приклучувајќи се кон напорите заедно со спасувачката за да го вратиме детето во живот. Итна реакција на екипата на брзата помош со здравствените работници Андонис и Катерина, продолжувајќи ги напорите заедно, но за жал без посакуваниот резултат. Транспорт на детето до здравствениот центар и придружба од моја страна во кабината на возилото на брзата помош, правејќи кардиопулмонална реанимација со Катерина од местото на преземање до здравствениот центар Касандра, а Андонис вози што е можно побрзо и внимателно, но за жал лекарите ја констатираа смртта на детето, напиша волонтерот спасувач Колокитас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт во чест на жртвите од трагедијата во Kочани
Следна Статија Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Министерството за внатрешни работи има основани сомненија дека и порано нелегално била изнесувана марихуана од државата и оти покрај скопската…

March 3, 2026
ХРОНИКА

Тошковски: Два часа пред трагичниот настан, полицијата била пред зградата и разговарала по пријава за расправија меѓу сопружниците

Два часа пред мајката и девојчето во скопски Карпош да го завршат животот со пад од тераса, полицијата била пред…

March 3, 2026
ХРОНИКА

МНР го организира транспортот на телото на Александар Карадакоски

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, преку Амбасадата на Република Македонија во Варшава, е во редовна комуникација…

April 4, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Поголема количина дрога откриена во камион на ГП „Богородица“, пресечен канал за шверц

Бирото за јавна безбедност при МВР и Царинската управа во заедничка акција откриле поголема количина дрога на граничниот премин Богородица,…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?