Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 20-годишно момче од Скопје е четвртиот загинат патник во тешката несреќа на обиколница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 20-годишно момче од Скопје е четвртиот загинат патник во тешката несреќа на обиколница
ХРОНИКА

20-годишно момче од Скопје е четвртиот загинат патник во тешката несреќа на обиколница

Објавено May 22, 2026 15:53
Сподели
Сподели

Идентификувана е и четвртата жртва во страшната сообраќајна несреќа што ноќеска ја потресе македонската јавност, а се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје, кој бил сопатник во автомобилот „БМВ“ заедно со Ристе Велков, неговиот син Адам Велков и уште едно 20-годишно момче.

Трагедијата се случила околу 23 часот на делницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога товарно возило „ман“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 76-годишен возач, изгубило контрола, ја пробило заштитната ограда и преминало на спротивната страна од автопатот. Таму директно удрило во патничкото возило „БМВ“ со скопски таблички.

Од силината на ударот избувнал голем пожар, при што целосно изгореле автомобилот и кабината на камионот. На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје, но за четворицата млади луѓе во автомобилот немало спас. Смртта била констатирана на самото место.

Според информации објавени од Скопје1, камионот пред судирот пробил две заштитни огради, откорнал столбови од уличното осветлување и завршил во провалија. И покрај тоа што кабината целосно изгорела, возачот успеал навреме да излезе од возилото.

Возачот е приведен и задржан во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител телата на загинатите се предадени на обдукција. Истрагата треба да ги утврди точните причини за несреќата што однесе четири човечки животи.

Поради увидот, сообраќајот на овој дел од скопската обиколница бил во прекин неколку часа. Трагедијата повторно ја отвори дебатата за безбедноста на обиколницата, тешкиот товарен сообраќај и контролата на движењето на камионите во ноќните часови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директори на ТЕЦ Неготино земале по две плати и незаконски си ги чувале работните места
Следна Статија Никој не го поканил пратеникот на Радев во некаква влада!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Безживотно тело на девојка пронајдено во Tетово, Обвинителството врши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно…

November 6, 2025
ХРОНИКА

Маж-монструм: Ја принудувал сопругата на проституција

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот…

February 17, 2025
ХРОНИКА

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Тажен крај: Почина охриѓанец кој проголтал опаковка со дрога

На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?