Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 24 годишник вршел полови дејствија врз пет годишно дете кое му било роднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 24 годишник вршел полови дејствија врз пет годишно дете кое му било роднина
ХРОНИКА

24 годишник вршел полови дејствија врз пет годишно дете кое му било роднина

Објавено September 5, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.

-Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат, соопштува Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот.

Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Њујорк Тајмс: Американски маринци убиле севернокорејски цивили во тајна мисија
Следна Статија Османи: 350 000 евра месечно од буџетот на Чаир завршуваат кај партиски активисти на ВЛЕН

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Гостиварец силувал 13-годишно девојче кое го запознал на социјалните мрежи

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик…

January 5, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку 7 убиства се расветлени

Сузбиена е 18-члена организирана криминална група, која извршувала убиства, изнуди, а е поврзана и со палењето на автомобилите на вработени…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Во личен багаж си носел кеса со хашиш на скопскиот аеродром

Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен…

November 26, 2025
ХРОНИКА

Пронајден починат маж во Велес, телото предадено на обдукција

Педесет и четиригодишниот Б.Ќ од Велес вчера бил пронајден починат во домот каде привремено престојувал во овој град. Лекар од…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?