Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 29 интернет портали досега се регистрирале во АВМУ, а лани 249 се пријавија за да добијат пари за изборни реклами
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 29 интернет портали досега се регистрирале во АВМУ, а лани 249 се пријавија за да добијат пари за изборни реклами
МАКЕДОНИЈА

29 интернет портали досега се регистрирале во АВМУ, а лани 249 се пријавија за да добијат пари за изборни реклами

Објавено July 26, 2025 19:19
Сподели
Сподели

Вкупно 29 интернет портали досега се пријавиле во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), откако неодамнешните измени во Законот за медиуми за првпат ги признаа како медиуми. Оваа бројка претставува само околу 10 отсто од вкупниот број на портали кои се пријавија за добивање државни средства за рекламирање на политичките партии за време на последните парламентарни избори.

За споредба, за парламентарните избори во 2024 година, во Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле рекордни 249 онлајн-медиуми за платено политичко рекламирање, додека за изборите во 2020 година тој број изнесуваше 235. За изборната кампања во 2024 година, на 16 учесници на изборите им беа исплатени вкупно 3.979.984 евра за политичко рекламирање, од кои 25 отсто беа наменети за порталите, со максимален износ од 15.000 евра по портал.

Сепак, овие законски измени не влијаат на правилата за политичко рекламирање за време на избори, бидејќи за тоа се неопходни и измени на Изборниот законик, а до распишувањето на локалните избори останува помалку од еден месец. По последните избори, и ДИК и АВМУ рекоа дека не се надлежни да проверуваат кој сѐ аплицира за средства за рекламирање во изборна кампања.

Државниот завод за ревизија, во својот извештај за парламентарните избори во 2024 година, укажа на потребата од доуредување на Изборниот законик. Ревизорите препорачуваат да се дефинираат јасни критериуми кои електронските медиуми треба да ги исполнат за да можат да аплицираат за политичко рекламирање, како и прецизни правила за распределба на буџетските средства. Исто така, се бара да се определи надлежен орган за следење на изборното медиумско претставување на интернет порталите.

Според новите одредби во Законот за медиуми, за да се регистрираат, порталите мораат да имаат регистрирана дејност во Централниот регистар, седиште и уредништво во Македонија, како и регистриран македонски домен (.мк или .мкд). Дополнително, задолжително е да имаат најмалку двајца вработени со полно работно време, или, по исклучок, еден вработен и еден со договор на дело. Овие услови не се потребни при пријавувањето во ДИК за добивање средства за платено политичко рекламирање.

Регистрираните портали сега имаат обврска еднаш годишно до АВМУ да доставуваат извештаи за сопственичката и уредничката структура, за приходите и расходите, како и за бројот на вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешко повредени млад возач и девојче, откако излетале со автомобил
Следна Статија (ВИДЕО) Брод се запали на Охридското Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гаши со осуда за вчерашното насилство и дивеење

Во врска со последните настани, претседателот на Собранието, Африм Гаши, најостро го осудува секој чин на дивеење, без разлика на…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Клинички центар добива две монтажни катни гаражи, нови 500 паркинг места

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по одржаната вонредната Владина седница кој беше закажана напладне. – Се соочуваме со предизвик…

March 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Воените оркестри на Македонија и Вермонт, САД со заеднички концерт утре во Скопје

Утре, 25.05.2025 година во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт,…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?