Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако се докаже картелско здружување на маркетите, ќе има казни, вети Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ако се докаже картелско здружување на маркетите, ќе има казни, вети Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Ако се докаже картелско здружување на маркетите, ќе има казни, вети Мицкоски

Објавено April 25, 2025 16:12
Сподели
Сподели

Со борбата против корупцијата не се занимаваме за да импровизираме. Ако се докаже картелското здружување, тогаш ќе има и казни, тврди премиерот Христијан Мицкоски кој гостуваше во поткастот „Каде се парите?“ и зборуваше на повеќе теми, меѓу кои беше прашан и за случајот со четирите големи синџири маркети и ССК, за што Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе прекршочна постапка. Врз основа на сознанијата дека постапиле спротивно на законот со одлуката да не прифаќаат нови ценовници од добавувачите.

Претпоставувам, мислите на нефер трговските практики и за картелското здружување. Би почекал тука со одлука, затоа што и самиот Закон е таков, вели потребен е период од девет месеци, а тој почна на први октомври минатата година, значи некаде до крајот на јуни, за да се направи некаква споредба во делот на нефер трговските практики. Од аспект на тоа дали Владата е во положба да ги брани овој тип на картелско здружување или големите маркети, доволно е да се вратиме неколку месеци наназад, кога ја почнавме онаа акција за замрзнување на профитната, дистрибутивната маржа, и ќе видите какви критики имаше од страна на дел од овие ланци. А, нашите информации, непотврдени мора да кажам, велат дека тие инструирале и политичка партија од опозицијата да прави пресови напаѓајќи ја Владата… Тогаш, ќе го добиете одговорот дека не само што не го поддржуваме тоа, туку напротив, се бориме жестоко, и за тоа имаме политички одреден конфликт. Бидејќи на нивните прес-конференции нема економско обраќање и економски позиции, има политички, рече Мицкоки.

Поради тоа што се работи за големи пари, постои неверување дека може да се истрае во оваа борба. На прашањето – може ли да се очекува, доколку се докаже картелското здружување, дека за првпат ќе има казни, Мицкоски одговара:

Апсолутно, ако се утврди, ако има докази, се разбира. Јас повторно ќе кажам, ние со оваа работа немаме намера да се занимаваме за да импровизираме. Никому ништо не должиме. Должиме на народот кој ни ја дал довербата, 450 илјади гласови пред една година и претседателката која освои 550 илјади. Повеќе од пола милион луѓе ни дале доверба, додаде Мицкоски.

За целосно спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики, се засилуваат капацитетите на КЗК.

Од информациите со кои располагам, тие упатија барање до Министерството за финансии за вработување на неколкумина, со кои кадровски би се засилиле и добија позитивен одговор. Мислам дека процесот на селекција веќе тече и многу скоро ќе има и кадровско освежување на таа Комисија, вели Мицкоски во „Каде се парите?“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Подготвени сме за сите изборни сценарија – за локалните, но и за евентуални предвремени парламентарни избори
Следна Статија Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали XRP се движи кон 1 долар? – Анализа на криптопазарот

XRP доживеа пад од 25% во 2026 година

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници,…

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Собранието на Република Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?