Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе реагираме, разочаран сум кажа Муцунски за 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе реагираме, разочаран сум кажа Муцунски за 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Ќе реагираме, разочаран сум кажа Муцунски за 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија

Објавено March 9, 2026 15:32
Сподели
Сподели

Министерството за надворешни работи подготвува соодветна дипломатска реакција по одлуката на бугарските власти за десетгодишна забрана за влез на адвокатот Тони Менкиновски во Бугарија, најави ресорниот министер Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција во Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде упатена протестна нота, Муцунски истакна дека државата во минатото секогаш реагирала по соодветен дипломатски пат и дека дополнително ќе биде проценето кој механизам ќе се искористи во конкретниот случај, изразувајќи разочарување од постапката на земјата членка на Европската унија.

-Негативно изненаден како една земја членка на Европската унија се однесува кон еден наш граѓанин кој што имал една и единствена цел, а тоа е да штити права на група граѓани пред европските институции. И затоа, секако, ќе има соодветна реакција. Ние во минатото и со други наши соседи сме имале такви слични состојби. Секогаш сме реагирале по соодветен дипломатски пат, мерката и механизмот дополнително ќе ги процениме во рамките на институцијата, каква мерка и кој механизам ќе го искористиме што го имаме на располагање. Но јас не само што сум негативно изненаден, туку и длабоко разочаран од односот на една земја членка на Европската унија кон нашите граѓани – изјави Муцунски.

На прашањето дали ќе биде побарана осуда од евроамбасадорот во земјава и реакција од Брисел, министерот нагласи дека приоритет е преземањето конкретни дејствија од страна на државата за заштита на интересите и правата на македонските граѓани.

-Клучно е кои дејствија ние како држава ќе ги преземеме. Затоа што, на крајот на денот, политичката осуда, јас и да ја дадам и да не ја дадам, факт е дека во 21 век се случува репресија врз еден човек само заради тоа што веројатно си ја вршел работата. Тој е адвокат. Една од примарните обврски на адвокатот е меѓу другото и да ги заштитува оние кои сметаат дека им се повредени човековите права. И не сакам да верувам дека Европската Унија, во која што посакуваме да станеме полноправна членка, ќе застане на страната на едни вакви ретроградни дејствија и механизми кои што доаѓаат од нашиот сосед. Дали некој ќе одлучи да осуди или не, е во доменот на неговото лично одлучување – посочи Муцунски.

Адвокатот Тони Менкиновски, пред два дена, на 7 март, информираше дека Бугарија му забранила влез до 2036 година, и оти во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставува закана за националната безбедност на Република Бугарија. Тој изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка. Забраната му била врачена на 6 март на влез во Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како Филипче се обиде да заработи од вакцини за време на короната
Следна Статија Македонците од Мелбурн не учестуваат на локален фестивал поради сонцето од Кутлеш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи

„Спасен е оној кој се очистува, кој го спомнува името на својот Господ и клања намаз.“ (Ал-А’ла – 14, 15)…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кои експерти ќе учествуваат во расправата за Законот за јазици пред подготвителната расправа?

Во јавноста не стивнуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд да одржи подготвителна седница на Законот за употреба на јазиците.…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?