Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > 68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана
ЗДРАВЈЕ

68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана

Објавено April 6, 2025 19:15
Сподели
Сподели

Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана. Неговиот медицински третман го продолжува во друга држава, каде лицето има здравствено осигурување, информираат попладнево од Министерството за здравство, околу пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.

Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти“, се наведува во соопштението.

Во државава, шестмина пациенти се лекуваат во хируршката клиника Свети Наум Охридски, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија. Двајца пациенти се лекуваат во Систина, според податоците на Министерството.

„Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти“, тврдат од Министерството.

Пожарот во дискотеката Пулс во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија шеесет млади луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Раим Баки, виртуозот кој сними над 600 песни и настапуваше со Сариевски, Бадев и Илиева
Следна Статија ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка

Онколошки пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и…

April 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од…

June 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за…

January 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Еден од повредените во „Пулс“ е во тешка состојба, вкупно 12 се уште се во болница

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски обелодени дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?