Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 75-годишна жена загина по удар на комбе, возачот побегнал, па бил најден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 75-годишна жена загина по удар на комбе, возачот побегнал, па бил најден
ХРОНИКА

75-годишна жена загина по удар на комбе, возачот побегнал, па бил најден

Објавено December 5, 2024 22:50
Сподели
Сподели

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Неготино вчера го пронашле и привеле Д.С. (55) од селото Пепелиште,со кој е осомничен за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици и напуштање на местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, на 3 декември 2024 година, околу 17:30 часот, на регионалниот пат што го поврзува селото Пепелиште со Неготино, на локација наречена „Лака“, со товарно возило „Цитроен Џампер“ со неготински регистарски таблички, управувано од осомничениот, била удрена 75-годишната А.А. од Пепелиште. По ударот, возачот го напуштил местото на несреќата.

„Од здобиените повреди, А.А. починала на лице место, а нејзината смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош“, соопштуваат од МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од страна на јавен обвинител во соработка со увидна екипа од ОВР Неготино.

„Со осомничениот Д.С. е извршен службен разговор во полициската станица, а натамошната постапка се спроведува под надзор на јавниот обвинител“, додаваат од Министерството.

Истражните органи продолжуваат со работа за целосно расчистување на случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсена позната калуѓерка поради соработка со италијанската мафија
Следна Статија Макрон: Останувам до крај на мандатот, деновиве ќе именувам нов премиер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со огнено оружје пукано кон куќа во Ѓорче Петров

На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот…

October 17, 2025
ХРОНИКА

Групата на Штекли се криела во бункери под земја

Групата на Раде Трајковски-Штекли се гони за трговија со кокаин и марихуана, соошти денеска Обвинителството за организиран криминал. Тие се…

May 27, 2025
ХРОНИКА

Загина маж, откако паднал и бил прегазен од тракторот

На 12.09.2025 во 19:22 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавено е дека на шумски пат во атар…

September 13, 2025
ХРОНИКА

Ја удирал со боксови, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?