Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 79-годишен велешанец е прв во земјава кој ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 79-годишен велешанец е прв во земјава кој ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата
ХРОНИКА

79-годишен велешанец е прв во земјава кој ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата

Објавено October 2, 2025 09:21
Сподели
Сподели

79-годишен жител на Велес ќе биде првото лице во државата кое ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата. Тој е осуден на три месеци куќен затвор за кривично дело полово вознемирување, согласно член 190-а став 2 од Кривичниот законик, пренесува ТВ Стар.

Од Управата за извршување санкции потврдија дека пресудата е донесена од Велешкиот суд. Барањето на осудениот за одложување на извршувањето е одбиено, а откако пробациски службеник ќе подготви индивидуална програма, ќе му биде поставена опремата за електронски надзор.

Ова е прв случај на практична примена на електронски алки во Македонија, кои беа најавени во мај годинава од директорот на УИС, Александар Пандов. Алките се воведуваат како начин за намалување на затворската популација, со оглед на тоа што во земјава има околу 2.300 затвореници и 400 притвореници, а дел од установите работат со над 100% исполнетост.

Законот овозможува алки да користат три категории осуденици: стари и изнемоштени лица, бремени жени и мајки со мали деца, како и лица со тешки болести или инвалидитет.

Одделението за електронски надзор во рамки на УИС следи доколку осуденикот го напушти дозволениот периметар или ја помести опремата. Во такви случаи се активира аларм, а ако лицето не одговори на повик, се информира полицијата.

Според Пандов, државата троши над 2.000 денари дневно за еден затвореник, поради што електронските алки претставуваат и финансиска олеснителна мерка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милан сака да го доведе Левандовски
Следна Статија Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови од 32,8 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три лица изнудиле пари од скопјанец, му се заканувале дека ќе го убијат и ќе му ја запалат куќата

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член…

September 20, 2025
ХРОНИКА

Почина познатиот композитор Љупчо Константинов

Почина познатиот композитор Љупчо Константинов. Константинов беше препознатлив по неговата музика „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Притвореник починал во Затворот Скопје

На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П.…

August 31, 2025
ХРОНИКА

Пеце Мирчески приведен во полициска станица заедно со сопственикот на рент-а-кар ВИП Сервис

Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција му отвори истрага…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?