Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик
МАКЕДОНИЈА

80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Објавено May 5, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира чествување  по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

По тој повод ќе се обратат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, проф. д-р Веселинка Лаброска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, дописен член на МАНУ.

Според агендата, предвиден е настап на музичкото трио „Trio Gentlemen“ со изведба на композициите „Јовано, Јованке“ и „Тајно моја“,  како и рецитал на учениците Саша Димитриевска од ОУ „Гоце Делчев“ – Скопје со „Кога ја љубев Дениција“ од Петре М.Андреевски и Нина Ламева од ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје со „Нашинска“ од Гане Тодоровски.

Ќе биде презентирана и кратка најава на документарниот филм со наслов „Аз, буки, веди“, кој е направен во соработка со ПСУ „Јахја Кемал“ – Тетово.

На 5 мај 1945 година е објавена и озваничена македонската азбука со Решение за македонската азбука. Кодификацијата на македонскиот јазик е направена со Одлука на АСНОМ на 2 август 1944 година. Со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а на 7 јуни истата година е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Потоа следуваат и основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик и наука за јазикот, Блаже Конески: Граматиката на македонскиот јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик, со што се заокружува кодификацијата на македонскиот јазик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата
Следна Статија Шамар за лидерот на турската опозиција (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Заврши изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, ќе биде осветена на 28. септември

По 13 години од кога почна да се гради, заврши изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Видео: Најмалку шест возила поминаа на црвено светло за половина час

Најмалку шест возила поминаа на црвено светло во период од половина час и уште десетици други возачи игнорираа да забават…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Актуелниот министер за економија не е осомничен зошто во негово време немало барање за лиценца од „Пулс“

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?