Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

Објавено November 24, 2024 14:30
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз.

–Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, рече Мицкоски во одговор на прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопското село Булачани.

Нагласи дека најголем дел од електричните автобуси би биле наменети за Градот Скопје.

За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требаше веќе го направиле.

-На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, порача Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паднаа скопски дилери
Следна Статија Ненадејно почина екс градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поради силен ветер не работи жичарницата на Водно

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека Жичницата на Водно денеска не е во функција. Причината за прекинот на работата…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги потпиша Законот на основно образование и Законот за учебници

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ги потпиша Законот за основното образование иЗаконот за учебници, во кои термините „родова…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Амбасадата на САД во Скопје го симна знамето на половина копје

Американската амбасада во Скопје, го симна знамето на половина копје, во знак на сочувство за трагедијата во Кочани. „Кочани“, стои…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, информираат од Владата за МИА. По…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?