Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Буџетот за научно – истражувачка дејност ќе биде речиси двојно поголем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Буџетот за научно – истражувачка дејност ќе биде речиси двојно поголем
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Буџетот за научно – истражувачка дејност ќе биде речиси двојно поголем

Објавено November 10, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Денеска се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата. Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува. За нас е сосема јасно дека не постои друга алтернатива за национален просперитет, освен да вложуваме во знаењето на граѓаните и во науката, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Буџетот за научно – истражувачка дејност за следната година, како што посочи Јаневска, ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот, а интенцијата е во следните четири години да изнесува најмалку 1 отсто од бруто домашниот производ, за разлика од сегашните 0,3 отсто.

– Ќе се обидеме да создадеме подобри услови за наука и истражување. Ќе поддржиме научно – истражувачки проекти од јавен интерес и поголема активност на лабораториите во рамки на јавните научни и високообразовни установи. Ќе обезбедиме нови извори на научна литература. Финансирање на објавени научни трудови. Организирање домашни научни конференции и учество на меѓународни манифестации. Продолжува доделувањето стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, но и во странство на најдобрите 100 светски универзитети за да привлечеме повеќе млади со потенцијал за истражувања и иновации, истакнува Јаневска.

Според неа, клучно ќе биде носењето на нов Закон за научно – истражувачка дејност кој ќе се изработи заедно со засегнатите и со стручната фела.

-Искрено очекувам и поддршка од бизнис заедницата, но и од сите останати чинители кои во науката гледаат важен столб на општеството и кои можат да помогнат на каков било начин во неговото зацврстување. Само со сплотеност на намерите можеме да постигнуваме цели и да одиме напред. Честит нека е 10 ноември – Светскиот ден на науката, напиша Јаневска на Фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: ДЗР утврдила недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца во време на СДС и ДУИ, граѓаните чекале, а немало потреба
Следна Статија МЕПСО ги прекинува сите донации и спонзорства до крајот на годинава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Taравари за паркингот: 50 денари не е многу, некои паркираат на Клинички и се шетаат низ Скопје приватно

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме доаѓа во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи,…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски соопшти дека не го познава Савески, но се распрашувал за него

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не го познавал Ненад Савески пред да биде донесена одлуката за негов предлог за…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?