Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за стопанството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за стопанството
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за стопанството

Објавено November 25, 2024 14:00
Сподели
Сподели

До крајот на неделава ќе бидат целосно дефинирани условите за добивање средства од унгарскиот кредит за стопанството во износ до 250 милиони евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски  и ги повика компаниите да подготват добри издржани проекти и добар бизнис план за да можат да аплицираат за добивање на средства по поволни услови.

Нагласи дека ќе бидат поддржани компании кои ќе вложат во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба.

Максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра што значи дека кредитот ќе биде до осум милиони евра, а останатите два милиони евра ќе бидат од сопствено учество.

Каматната стапка од 1,95 отсто ќе биде фиксна независно од сумата на парите која ќе ја добијат од кредитот.

Со дел од банките обезбедивме историски најниска камата од 1,95 проценти под услови до три години грејс период во кои ќе се плаќа само каматната стапка и до 15 години рок на  отплата.

Мислам дека е тоа добро за економијата имајќи во предвид дека обврска на компаниите е проектот да го финансираат со најмалку 20 отсто сопствени средства.

Со тоа станува збор за најмалку 300 милиони евра инвестиција, а кога на тоа ќе се додадат уште 500 милиони евра што ги реалоцираме од Буџетот кон општините стануваат 800 милиони евра, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на нова градинка во наслебата Расадник во општина Кисела Вода.

Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди евра, додаде, станува збор за средства во износ од 5 проценти од БДП кои треба да бидат инвестирани во текот на оваа и следната година.

Тоа е алатката со која ќе се бориме против евентуалната економска криза поради кризата во автомобилската индустрија во Европа.

Од аспект на енергетските ресурси кај нас мислам дека е оптимална состојбата и дека зимава ќе ја поминеме без поголеми потреси и проеметувања на пазарот.

Подготвени го пречекуваме тоа и можеби сме први во регионот и во Европа, оцени Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ни по 33 години не се знае каде е погребан Фреди Меркјури – Мери го одржа ветувањето (ФОТО)
Следна Статија Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Станува ли чоколадото елитна храна!

Чоколадото е омилена храна за многумина, а неговите цени вртоглаво скокнаа. Имено, цената беше под влијание на лошата жетва на…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10Д и…

March 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во ноември повисоки за 19 милиони евра во однос на октомври

На крајот на ноември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?