Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста
СВЕТ

(ВИДЕО) Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста

Објавено November 25, 2024 22:10
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста, годишна традиција што го означува почетокот на последната празнична сезона за демократите во Белата куќа.

– Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската што е симбол на државата Делавер, изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа.

Тој додаде дека настанот го означува официјалниот почеток на празничната сезона во Вашингтон.

– Исто така, последен пат ми е да зборувам овде како ваш претседател, во текот на оваа сезона, и да ви ја пренесам мојата благодарност, додаде тој.

– Затоа, дозволете ми да ви кажам, тоа беше честа на мојот живот, јас сум засекогаш благодарен, рече Бајден.

Помилувањето мисирки пред Денот на благодарноста, кој во Америка се слави последниот четврток во ноември, датира од претседателот Хари Труман во 1947 година, додека официјално стана традиција на Белата куќа во 1989 година, кога тогашниот претседател Џорџ Буш го понуди првото официјален претседателско помилување.

Најавено е дека Бајден подоцна денеска ќе отпатува за Стејтен Ајленд во Њујорк, каде што ќе присуствува на настанот „Денот на пријателите“ со припадниците на американската крајбрежна стража.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР објави голем оглас, ова се професиите што се бараат
Следна Статија Во Струмица отворена „Куќа за отворено домување“ за жртвите на семејно насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Скокна цената на нафтата

Цените на суровата нафта Брент забележаа повторен раст во вторникот. Ваквиот тренд следува по воените операции на САД во јужен…

May 26, 2026
СВЕТ

Цукерберг вечерал со Трамп

Извршниот директор на Мета платформата Марк Цукерберг вечерал со новоизбраниот претседател Доналд Трамп во неговата резиденција на Флорида во Мар-а-Лаго,…

November 28, 2024
СВЕТ

Венс пристигна во Будимпешта за да даде поддршка на Орбан

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, пристигна во Унгарија синоќа за да ја изрази поддршката на претседателот Доналд Трамп за…

April 7, 2026
СВЕТ

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето,…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?