Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германија прави попис на бункери и засолништа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германија прави попис на бункери и засолништа
СВЕТ

Германија прави попис на бункери и засолништа

Објавено November 25, 2024 21:42
Сподели
Сподели

Германските власти денеска, во време на зголемена тензија со Русија, соопштија дека прават попис на бункери и засолништа за населението во случај на напад и додадоа дека сакаат да го зголемат нивниот број.

Сите згради, вклучително и приватниот имот, кои би можеле да послужат како засолништа, како што се подруми, гаражи и станици на подземната железница, се попишуваат, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи за време на редовната прес-конференција во Берлин.

Како што пренесе Бета, неименуваниот портпарол додаде дека ќе биде создаден дигитален директориум со сите бункери за луѓето брзо да ги најдат користејќи ги своите мобилни телефони.

Граѓаните ќе бидат охрабрени да градат засолништа во своите домови, со пренамена на подруми или гаражи.

Германскиот дневен весник „Билд“ го опиша планот како „бункер офанзива“ во земја која се повеќе е загрижена од потенцијална руска закана.

Тековниот попис „ќе потрае некое време“, рече портпаролот.

Клучните точки од програмата за развој на засолништата беа утврдени на состанокот на високи претставници одржан во јуни.

Германија, која има 83 милиони жители, има 579 бункери, главно од Втората светска војна и Студената војна, во кои можат да се сместат 480.000 луѓе.

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, германските власти ја суспендираа продажбата на утврдувањата во државна сопственост. Државата и нејзините администрации продале повеќе од 300 бункери од 2005 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работниците на Амазон во 20 земји ќе протестираат на „црн петок“
Следна Статија Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Екс вработен го тужи Диди: Ја миел крвта и урината од чаршафите, имал секс пред него за да ја докаже својата лојалност

Тужбите против раперот Шон Комбс познат како Диди постојано се трупаат. Сега, поранешниот вработен Филип Пајнес во неговата тужба реши…

December 24, 2024
СВЕТ

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека…

November 22, 2024
СВЕТ

Посетата на Нетанјаху на Мар-а-Лаго: Стратешки чекор во политичката арена

Средбата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со американскиот претседател Доналд Трамп претставува повеќе од дипломатска reunion.

December 29, 2025
СВЕТ

За победа на Трамп можете да се обложите и во биткоинти

По првичните загуби на азиските берзи, повеќето главни регионални индекси се во зелено на почетокот на неделата, бидејќи инвеститорите проценуваат…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?