Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила

Објавено November 27, 2024 11:50
Сподели
Сподели

Костал Македонија влегува во третата фаза на инвестицискиот циклус вредна помеѓу 45 и 50 милиони евра, со што се отвора простор и за нови 250 работни места. Во Охрид ќе се произведуваат и оттаму до сите локации на Фолксваген ќе се доставува најсофистицирана опрема за автомобилска електроника, која ќе се вградува во најсовремените модели на возила. Во овие рамки ќе се реализира уште еден проект, поврзан со „Мерцедес“, вели генералниот директор на Костал Македонија, Виктор Мизо.

„Длабоко навлегуваме во дејноста енергетска електроника на плаг-ин хибридни и електрични возила. За Фолксваген групацијата, за сите возила од новата програма, сѐ ќе се прави во Охрид и ќе се доставува на сите нивни локации. Вториот проект во овие рамки е производството на напредни мехатронски системи за Мерцедес“, изјави Мизо пред денешното официјално означување на стартот од оваа фаза во нивните активности.

Со ова вложување вкупната инвестиција на германската групација ќе надмине 150 милиони евра. Притоа, значаен е и бројот од околу 1.300 работни места. Дел од потребната опрема за производство е веќе донесена во охридската фабрика, а исто така, реализирани се и дел од вработувањата.

На денешниот настан ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Минатата година Костал Македонија беше рангиран како деветти најголем извозник од државата. На македонскиот пазар успешно опстојува осум години проследени со континуиран развој и инвестиции. На списокот клиенти со кои соработува, покрај Групацијата Фолксваген (фолксваген, ауди, порше, шкода, сеат) и Мерцедес, се и БМВ, Јагуар, Ланд Ровер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
Следна Статија ОВА се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Десет нови дестинации во зимската сезона, се преговара за директни авиолинии со Данска, Финска и Блискиот Исток

Со воведувањето на зимскиот распоред на летови за сезоната 2025/26, двете леталишта ќе понудат нови линии и обновени рути што…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто за 9,4 проценти во мај годинава во однос…

June 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поевтини горива

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Економска криза во Јапонија: Падот на Јенот и предизвиците

Повисоките каматни стапки се единственото решение за спречување на падот на Јенот, но тоа носи ризик од фискална криза

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?