Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања

Објавено November 27, 2024 15:57
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ чии планови се и нови инвестиции од 50 милиони евра во следните четири години, но и извоз поголем од половина милијарда.

–Она коешто го видов внатре прво ме инспирира како универзитетски професор, како човек којшто предава предмети од полето на мехатрониката, навистина импресивно. Би рекол заедно со најсовремените и најмодерните светски текови се произведува овде кај нас во Охрид. Повеќе од 1150-тина вработени го произведуваат тоа. Директорот тоа го кажа каде сè се вградува сето тоа како модули во кои возила, во кои марки на возила, брендови, зборуваме за светските топ бренд возила, Мерцедес, Фолксваген итн. Нешто што е навистина импресивно. Кога на сето ова ќе се додадат и други можни инвестиции во Македонија од страна на „Костал“ тоа значи дека ние како Влада треба да имаме, но и мислам дека имаме, посебен пристап кон однесувањето на инвеститорите без разлика дали се тоа странски или домашни, но ваков тип на инвестиции треба да ги поддржуваме и да ги охрабруваме што повеќе да инвестираат и да ги задржиме тука кај нас, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека прават сè што можат како Влада да бидат пријатели на бизнисот на економијата, бидејќи, како што кажа, денешниот современ патриотизам е токму тоа.

-Инвестирање, обезбедување на добро платени работни места и извоз. Само така можеме да бидеме во радарот и на мапата на светските случувања. Сè останато е импровизација. Можеби скромно од претставниците на „Костал“ не беше кажано но јас ќе си дозволам, ако ми дозволат да кажам, дека тие помагаат како компанија и во делот на општествената одговорност и во средното образование, преку дуалното образование, дополнителната обука за наставниот кадар на учениците, но исто така и во високото образование. Така што мислам дека тоа претставува една одлична синергија помеѓу општеството, општината, политиката, Владата и компанијата „Костал“.

Јас сум убеден дека исклучително квалитетната соработка, благодарение на градоначалникот, којшто компанијата ја има и овде со Општина Охрид, ќе продолжи и во иднина. Ја поздравувам и работата на градоначалникот. Така што мислам дека има една исклучително голема и убава квалитетна енергија да оваа успешна приказна продолжи и понатаму да биде уште поуспешна, нагласи Мицкоски.

КОСТАЛ во 2023 беше 9ти најголем извозник од Македонија. Компанијата работи веќе 8 години на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст. Клиентите на КОСТАЛ Македонија се „Фолксваген“ Групација (Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат), Мерцедес, БМВ, Јагуар, Ланд Ровер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември
Следна Статија Мицкоски за уставните измени: Нашите црвени линии ги дефиниравме, од тоа не се поместуваме ниту милиметар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вработените од „Паркови и зеленило“ на протест, бараат исплата на плата за август

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска организираа протест пред претпријатието…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема зголемување на пензиите за македонските пензионери кои живеат во странство

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните…

February 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

Премиерот Христијан Мицкоски денес направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. -Јас би сакал само да им…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?