Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Објавено November 28, 2024 08:52
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.

Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе засадат дрво на пријателство во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

Според агендата, утре, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство
Следна Статија Почна божикниот пост: Исчистете ја душата од лоши мисли, гнев, себичност и нечисти желби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Извини Филипче, ама ти или си будала, или некој опасно те брлави – не ти кажа Зоќе да не се закачаш со мене?!!

Ден после катастрофалниот пораз на СДСМ во првиот круг на локалните избори, во време кога партиските водства ги средуваат впечатоците…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците

„Уставниот суд остана без еден уставен судија, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ. Мицкоски…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мечка со две мали мечиња снимени покрај патот Маврово-Дебар

Снимка од мечка со две мали мечиња, кои се движат покрај патот Маврово-Дебар, објавена вечерва, наиде на симпатии кај граѓаните…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?