Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Социјалци воделе луксузен живот: Переле пари од онлајн игри на среќа, клиентите им плаќале со криптовалути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Социјалци воделе луксузен живот: Переле пари од онлајн игри на среќа, клиентите им плаќале со криптовалути
ХРОНИКА

Социјалци воделе луксузен живот: Переле пари од онлајн игри на среќа, клиентите им плаќале со криптовалути

Објавено November 28, 2024 16:30
Сподели
Сподели

Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднела кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ.

Во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, соопштија денеска од МВР, биле преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што биле обезбедени бројни материјални докази. Биле извршени и претреси кај осомничените, и притоа биле пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.

– Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на „Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената, се појаснува во соопштението.

Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, се подвлекува во соопштението, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на „Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути.

– Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко-доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош, соопштија од МВР.

Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали да изградиме 4 или 5 такви, планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина
Следна Статија Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанка нападната и ограбена од поранешниот партнер додека била на работното место

Денеска (01.09.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 околу 22:50 часот на…

September 1, 2025
ХРОНИКА

Рашковски демантира: Немало изнесување пари, туку легален внес на кеш во Македонија

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, демантираше дека бил задржан на границата со Грција при обид да изнесе 20.000…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Приведен 72-годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка

Демиркапиец на возраст од 72 години бил приведен во полиција, по пријава дека вознемирил малолетничка, информираат денеска од Секторот за…

December 28, 2024
ХРОНИКА

Скопјанка измамена за 18.000 денари при изнајмување стан, депозитот го оставила во сандаче

На 28.09.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена за сума од 18.000…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?