Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети

Објавено November 28, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат временски период да ги отстранат недостатоците, а доколку не го направат тоа ќе бидат санкционирани, воедно потенцираше дека реформите во високото образование ќе се случат и ќе напредуваме како држава.

„Инспектори од државниот просветен инспекторат ќе има на сите универзитети и сите ќе добијат разумен рок доколку не ги исполнуваат условите да ги отстранат, а доколку тоа не се случи ќе бидат санкционирани согласно закон како што е предвидено. Треба и ќе има реформи во високото образование тоа да бидете сигурни и дека ќе напредуваме на скалите и дека ќе имаме нов закон за високото образование“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека за брзо ќе се вратат и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија од кои ќе се напредува и многу скоро ќе биде бесплатно за сите универзитети, да може сите работници на универзитетите бесплатно да го користат сите тие списанија од овие две научни бази.

Во однос на прашањето од пратеникот Димитар Апасиев за образованието на директорот на АНБ, премиерот Мицкоски посочи дека документите за универзитетот кои пратеникот не се целосни, а инспекција на тој универзитет ќе има како и за сите останати.

„Можеби ги доставил некој документите до господинот Апасиев, но не му се тие целосни. Би сакал да дадам неколку аргументи, уверение за положени испити од прв циклус издадено на 27.12.2022 година, го имате ли тоа од истиот универзитет кој го цитирате? Тоа е дека студентот Бојан Христовски се стекнал со 180 кредити и истите овие предмети се препишани на уверението една година подоцна 14 август 2023 година, вкупно 39 заклучно со дипломскиот труд. Првичното уверение има 31 испит од 27.12.2022 тоа се 180 кредити и за една година се положени уште 8 предмети за стекнати 240 кредити“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра
Следна Статија Сиљановска Давкова: Изјавата на еврокомесарката Кос звучи како бирократско мешање во внатрешните работи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Платите во администрацијата се мали, вели Минчев, но бараните 30 отсто се преголема сума

По најавата за протест на 14 јануари на вработените во дел од министерствата, доколку не се прифати барањето да добијат…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Мазут со многу нечистотии доставуван во ТЕЦ Неготино, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот

ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 утврдил низа нерегуларности. Раководството на претпријатието…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гаши против „ад-хок“ отворање на Уставот

Прашањето за воведување на институтот „Уставна жалба“ и евентуални уставни измени е чисто политичко прашање за кое е потребен консензус…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало го узурпирал тротоарот, Општина Центар ја урна дивоградбата

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало во…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?