Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево

Објавено November 29, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на земјиштето. Но, решение има и до март следната година ќе имаме комплетни технички решенија за сите косини по трасата на автопатот, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во поткастот “Бизнис муабети”.

-Не биле направени детални геолошки истражувања. Се однесува на сите претходни влади, кога почнале да работат требало да ги направат истражувањата. И тоа се однесува на секцијата од Врбјани до над Кичево, таа е планинска секција. Таму мислам дека се работело по логика. Секоја планина е најчесто карпа, а таму има комплетно друга геoлогија каде долниот дел е ровка земја, а горниот тврда земја. Затоа се случува косините да се спуштаат, една, две, три години да се стабилни и после три години да се спуштат. Но има и за тоа решение, науката отиде напред. До март месец ќе имаме комплетни проектни решенија за сите косини што се спуштаат по трасата. Најлесно е да го изградиме и да го пуштиме и после две, три години да се спуштат, па потоа пола траса да ја затвориме да чистиме итн. Мораме да имаме решенија кога ќе го пуштиме автопатот да биде целосно функционален. Јас кога станав министер ги собрав сите најголеми умови во Македонија во овој дел, заедно со меѓународни експерти, а помогнаа и Синохидро со свои експерти и решенијата се гледаат, изјави Николоски.

-До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, додаде министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија
Следна Статија Оштетени се шест возила во Куманово на вчерашната прослава на Денот на албанското знаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Амазон случајно испрати имејл потврдувајќи отпуштања

Пораката беше испратена по грешка неколку часа пред најавените масовни отпуштања на работници.

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

„ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки“, велат Инженери на Македонија

„Секое домаќинство има право на автоматска исправка на фактурите еднаш на три месеци – алармирани се институциите да го натераат…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Група американски инвеститори планира посета на Венецуела во март

Чарлс Мајерс, претседавач на Signum Global Advisors, изјави дека подготвува група од 15-20 инвеститори да патуваат до Венецуела во март.

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

АЕК ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор поради голем интерес

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави дека ќе распише јавен тендер со јавно наддавање за доделување радиофреквенции, откако пристигнаа писма…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?