Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија, лоциран во Куманово. Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба…
(ВИДЕО) Апсење кај Градско, пресечен транспорт на дрога
На 03.04.2026 од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во содејство…
Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница
Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на скопската обиколница. Според информациите од терен сообраќајната несреќа се случила пред исклучувањето за…
Деца нападнати од своите татко, баба и дедо
Денеска (01.06.) во 00.00 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека на претходниот ден околу 14:00 часот…
