Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЛАРМ ВО ГЕРМАНИЈА: Секој ден се крадат по 40 возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > АЛАРМ ВО ГЕРМАНИЈА: Секој ден се крадат по 40 возила
СВЕТ

АЛАРМ ВО ГЕРМАНИЈА: Секој ден се крадат по 40 возила

Објавено November 30, 2024 22:30
Сподели
Сподели

Бројот на кражби на автомобили во Германија е „драстично зголемен“, со повеќе од 40 возила украдени секој ден, соопшти Федералната канцеларија за криминал (БКА).

Минатата година биле украдени 15.924 возила, што е за девет отсто зголемување во однос на претходната година, а сличен тренд продолжи и годинава, пишува Дојче веле.

Кражбите најмногу се случуваат во големите градови како Берлин и Хамбург, а особено се погодени камионите, како и земјоделските и градежните возила, чии кражби се зголемени за повеќе од 48 проценти.

Модерните автомобили со безжично отклучување и системи за палење, кои им овозможуваат на возачите да го стартуваат возилото без да го извадат клучот од џебот, станаа мета на сè пософистицирани крадци.

Според извештаите, крадците користат уреди како засилувачи на радио сигнал кои им овозможуваат да го „подигнат“ сигналот од клучот дури и кога е во домот на сопственикот, а потоа да го пренесат на возилото, овозможувајќи кражба за само неколку минути.

Земјоделските и градежните возила често немаат соодветен систем за заштита, па се повеќе се мета на крадците.

Крадците користат онлајн платформи за купување и продавање на украдени возила, кои обично потоа ги транспортираат во Источна Европа или ги расклопуваат.

Германската полиција нагласи дека бандите се организирани и меѓународно поврзани, а истрагата за кражби на автомобили станува сè посложена поради професионалноста на криминалците.

Иако е можно да се постават механички бариери или GPS системи за следење, експертите предупредуваат дека нема целосна безбедност.

Осигурувањето на возилата станува клучна заштита, но високата стапка на кражба ги зголемува цените на осигурувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американците потрошија 10,8 милијарди долари за црн петок
Следна Статија Хит „преписка“ меѓу Ноле ми Мареј: Извинете тренеру…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин се закани: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска му наложи на руското Министерство за одбрана да подготви предлози за одговор на нападот…

May 22, 2026
СВЕТ

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската…

June 15, 2025
СВЕТ

Германија бара укинување на правото на ВЕТО за прием на нови членки на ЕУ

Берлин ќе се спротивстави на понатамошното проширување на Европската Унија, освен ако блокот не го откаже принципот на едногласност (ВЕТО).…

April 15, 2025
СВЕТ

Земјотресот ги задеси во метро, вагонот се лула со сета сила-страшна снимка од Тајланд

Уште една драматична снимка доаѓа од Мјанмар, кој утринава го погодија два разорни земјотреси Првиот бил со јачина од 7,7…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?