Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
ХРОНИКА

OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“

Објавено December 1, 2024 10:30
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за притвор за двете лица кои во петокот извршија разбојништво во продавницата „Нептун“ кај Градскиот стадион во Скопје. 

Двете лица на возраст од 21 и 27 години се сомничат за кривично дело разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 29 ноември, двајцата осомничени со електрични тротинети дошле до продавницата за бела техника „Нептун” кај Градскиот стадион. Биле маскирани со пластични маски, шалови и качулки на главите и вооружени со пиштоли, додека едниот осомничен на себе носел и импровизирана рачно изработена експлозивна направа во форма на динамит. Двајцата соизвршители влегле во продавницата, во која во тој момент биле присутни повеќе вработени, возрасни купувачи, но и три деца. На сите им се заканиле со оружјето и експлозивот, а еден од осомничените застанал пред вратата за да ги спречи да излезат. Другиот осомничен влегол позади пултот од каде ги одзел парите од кадите, па заканувајќи се со оружјето побарал од вработените да му го отворат сефот од каде одзел црвена метална каса со пари и вредносни ваучери. Вкупно со разбојништво и закана по животите на присутните осомничените одзеле пари во вкупна вредност од 556.146 денари, ги предупредиле присутните да не повикуваат полиција и излегле од продавницата, се наведува во информацијата од Јавното обвинителство.

Двајцата беа приведени во непосредна близина пред продавницата од страна на полициски службеници. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Масовен протест во Валенсија по поплавите, се бараат оставки од регионалните лидери
Следна Статија Микаела Шифрин тешко се повреди на велеслаломот во Килингтон (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетничка заврши со лисици на рацете

Денеска (17.08.2025) во 03:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна…

August 17, 2025
ХРОНИКА

Одреден 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ

Судот го прифати барањето на обвинителството и му изрече мерка притвор на Сејдини. „Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста…

April 24, 2026
ХРОНИКА

Внимавајте: Од денеска почнуваат новите правила за возење тротинет

Електричен тротинет од денеска не смеат да управуваат малолетни лица, согласно новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на…

July 14, 2026
ХРОНИКА

Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?