Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек, Јаневска најави утврдување на одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек, Јаневска најави утврдување на одговорност
МАКЕДОНИЈА

Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек, Јаневска најави утврдување на одговорност

Објавено December 1, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека утре Државниот просветен инспекторат ќе го посети основното училиште „7 Март“ во Челопек за да ја испита одговорноста за организирање на училишна приредба на која учениците биле облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации.

Во изјава за МИА, министерката Јаневска истакна дека Инспекторатот ќе утврди која е одговорноста на директорот, наставниците и стручниот тим во училиштето.

Ќе провериме дали има злоупотреба на деца, дали приредбата е дел од наставниот план и кој го одобрил. Дали има програма за мултикултурализам, зошто наместо соживот и демократија се шири омраза и се промовира милитанство? Зошто не се слават заеднички херои од историјата и војните во кои заедно учествувале двата народи? Зошто не се гради заедништво и не се негува чувството на припадност на државата Македонија која треба да биде заедничка?, посочи министерката.

Таа додаде дека доколку целта била да се шири патриотизам, тогаш требало да има симболи на државата на чија територија се наоѓа училиштето.

Реакцијата на министерката следува по случајот во Челопек, каде што на училишна приредба во ОУ „7 Март“, учениците биле облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации и парадирале со пушки во рацете. Настанот предизвика реакции во јавноста, а министерката Јаневска изрази длабоко разочарување и најави поведување постапка против раководството и наставниците на училиштето. Таа истакна дека ваквите активности се педагошки неисправни, нечовечни и казниви по закон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
Следна Статија Арбен Фетаи: ВЛЕН обезбеди фотографии кои докажуваат дека младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на Артан Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Алармантно: Прва цигара на 13 години – пушат над 40% од младите

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вандализирана нова градинка во Бутел 1

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, на својот профил на Фејсбук објави дека е вандализирана новата детска градинка во општината.…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши за случајот Груби: Тоа е работа на органите на редот

Меѓуетничките односи во нашата држава се кревки уште од независноста на нашата држава и секогаш треба да се има големо…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците

Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?