Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство
МАКЕДОНИЈА

Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство

Објавено December 27, 2025 16:37
Сподели
Сподели

Во изминатите четири години, вкупно 10.500 државјани на Република Турција поднеле барање за стекнување македонско државјанство по основ на македонско потекло, објави Радио Слободна Европа.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за турски државјани кои во македонските институции треба да докажат дека се иселеници од земјава и дека имаат македонско етничко потекло.

Според МВР, значителниот пораст на бројот на барања е резултат на законските измени донесени во 2021 година. Оттаму посочуваат дека токму измените во Законот за државјанство довеле до енормно зголемување на интересот за стекнување македонско државјанство кај иселениците кои живеат во Република Турција.

Во меѓувреме, економската соработка меѓу двете земји бележи раст. Според податоците доставени до РСЕ од Македонско-турската стопанска комора МАТТО, во текот на 2024 година биле регистрирани 4.132 фирми со турски капитал, основани од правни и физички лица.

Од Комората посочуваат дека зголемениот бизнис-интерес произлегува од блиските и традиционално добри односи меѓу Македонија и Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 21 век во Лерин Македонците можат да свират, но не и да пеат
Следна Статија Мираковски: Не сметам дека ако се тргне „Усје“ дека тоа ќе го реши проблемот со аерозагадувањето во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага

Претставници на семејствата на жртвите од трагедијата во Модуларната болница во Тетово пред тетовскиот Основен суд одржаа прес-конференција, на која…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици

Во рамки на официјалната посета на швајцарскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Ги…

April 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?