Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември
МАКЕДОНИЈА

Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември

Објавено December 3, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Во вторник, на 10 декември, во 16 часот ќе биде одржан протест поради загадениот воздух.

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ која го најави протестот, соопшти дека ќе почне од Министерство за животна средина, па преку Собранието ќе заврши пред Владата.

„Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како што се белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови. Особено загрижувачки е дека еден од девет смртни случаи кај деца до една година во Македонија е поврзан со загадениот воздух! Загадувањето во Скопје и другите градови во Македонија со години е проблем на сите жители, а со тоа и на секоја власт. Колку побрзо се почне со спроведување мерки кои меѓусебно се надополнуваат и си го зголемуваат позитивниот ефект врз квалитетот на воздухот – толку побрзо ќе го решиме овој долгогодишен проблем“, велат од граѓанската иницијатива.

Од надлежните институции, Владата и општините, бараат да преземат итни и среднорочни мерки за справување со загадувањето на воздухот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, наплата на социјалните придонеси, а не зголемување на пензиската граница
Следна Статија Вработен го тужи „Епл“: „Нивните практики се ужасни“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за да го смени името на Македонија

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров се споменува во декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА –…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Возот 411 повторно на шините: Ново поглавје за железничкиот сообраќај

По подолго време, патничкиот воз 411 101-102 повторно е во функција, носејќи надеж за подобрување на железничкиот транспорт, информираат од…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Поединци со години без морал и достоинство ја злоупотребувале јавната служба

Задача и должност ни е да ја вратиме довербата во институциите и честа на системот, дециден е директорот на Бирото…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем

Владата на вчерашната седница го усвоила текстот на законот за средно образование на верските заедници. Тоа ќе овозможи богословското училиште…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?