Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бојкот на наставата во „11 октомври„ во Скопје- донеле насилен ученик од друго училиште
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бојкот на наставата во „11 октомври„ во Скопје- донеле насилен ученик од друго училиште
МАКЕДОНИЈА

Бојкот на наставата во „11 октомври„ во Скопје- донеле насилен ученик од друго училиште

Објавено December 3, 2024 18:27
Сподели
Сподели

Учениците од прво до четврто одделение од Основното училиште „11 Октомври“ во Скопје денеска не дојдоа на настава. Ваквата одлука е донесена во знак на бојкот поради префрлање на ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради насилно и проблематично поведение.

Родителите на учениците во ова училиште организираа бојкот, а одлуката беше донесена од Советот на родители. Тие посочуваат дека се плашат дека насилното однесување на ученикот ќе се повтори и во новото училиште.

Ситуацијата се разгорела откако родителите дознале дека ученикот претходно бил отпишан од друго училиште за инцидент во кој следел девојче во тоалет, по што го нападнал.

Наставничката која била сведок на настанот го потврдила инцидентот, по што се презеле мерки за негово префрлање.

Министерството за образование потврдило дека постои препорака од Центарот за социјални работи за префрлање на ученикот во новото училиште.

Родителите најавуваат дека во случај на игнорирање на нивните барања, на бојкотот ќе се приклучат и учениците од петто до осмо одделение.

„Имаме деца кои работат по индивидуална програма, кои што деца со таков статус би дошле физички присутни со деца кои имаат насилно поведение, верувајте дека веќе зборуваме за загрозување на лично здравје, не само на тие ученици, туку и на останатите“, рече Горан Нациќ, претставеник од родителите од училиштето „11 Октомври“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Мицкоски по средбите во Брисел: Ултиматуми не прифаќаме
Следна Статија Притвор од осум дена за лице кое се обидело да запали албанско знаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки

За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ ќе стартува од 1 февруари

Системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ ќе почне со работа на 1 февруари 2026 година…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нормализирано е снабдувањето со струја во делови од Скопје, пожарот во Вардариште под контрола

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје, информираат вечерва од Електродистрибуција, откако поради пожар во неколку скопски…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Правдата излезе на виделина, го штитев јавниот интерес

Правдата излезе на виделина, во судската постапка беа презентирани факти и аргументи, присуствував на рочиштата, го бранев интересите, правдата победи,…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?