Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија – фокус за германските инвеститори во обновлива енергија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија – фокус за германските инвеститори во обновлива енергија
ЕКОНОМИЈА

Македонија – фокус за германските инвеститори во обновлива енергија

Објавено December 3, 2024 19:52
Сподели
Сподели

Како дел од делегациското патување на тема: „Проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во Македонија, Албанија и Косово“, делегација од шест германски компании од енергетскиот сектор од 3 до 6 декември 2024 година се во посета на  Македонија, Албанија и Косово.

Оваа делегациска посета е организирана од АХК  Македонија, дел од мрежата на германските комори во светот, надлежна за  Македонија, Албанија и Косово, а се реализира под покровителство на Министерството за економија и заштита на климата на Сојузна Република Германија.

Делегацијата ја предводи Андреас Хопф, регионален менаџер за Европа со фокус на енергетска ефикасност и инфраструктура во Министерство за економија и заштита на климата на Германија. Делегацијата ја сочинуваат претставници на 6 германски компании кои нудат иновативни решенија за проширување на инфраструктурата во областа на обновливите извори на енергија во Германија.

Делегациското патување започна со стручна конференција на тема: „Проширување на инфраструктура во областа на обновливи извори на енергија“ во Скопје.

Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, Албанија и Косово, го отвори настанот пред повеќе од 80 претставници на компании. Таа во своето обраќање го истакна значајниот потенцијал кој го поседува Македонија за обновливи извори на енергија и ја нагласи потребата од инвестиции во инфраструктурни решенија во оваа сфера, како и исклучително важниот трансфер на знаење помеѓу германските и македонските компании.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска ги презентираше плановите на македонската влада, вклучително и новиот закон за енергетика кој ќе стапи на сила во 2025 година. Таа информираше за модернизацијата на обновливата енергетска инфраструктура која директно ќе влијае врз животите на граѓаните и економијата.

Со трансформацијата до 2030 година ќе се генерираат повеќе од 15 000 зелени работни места во сектори како што се изградба, одржување и менаџирање на обновливите капацитети. Во наредната деценија се планира инвестиција од над 1 милијарда евра во обновливи извори на енергија која ќе го поттикнат локалниот економски раст.

Големиот број на учесници на самиот настан, многубројните Б2Б состаноци кои се одржаа по конференцијата, како и податокот дека настанот се пренесуваше online на албански јазик, укажуваат дека трендот на проширување на матрицата кон воведување на зелена енергија како во Северна Македонија така и регионот е од голем интерес и постојано расте.

„Матрицата за зелена енергија сè повеќе ќе биде одлучувачки фактор при изборот на локација за инвестирање од страна на германските инвеститори, но исто така ќе игра клучна улога во глобалниот синџир на добавувачи. Ние сме многу задоволни дека со ова делегациско патување можеме да дадеме придонес, но и да поттикнеме развој на иновативни технолошки решенија, како и партнерства меѓу компании од регионот и Германија, со тоа ќе ја подготвиме Северна Македонија како локација која ќе биде спремна за иднината.“ – истакна Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, Албанија и Косово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само шест години, вели Јовановиќ
Следна Статија Нефролозите со порака: Нефрологијата е клучна во здравствената грижа на пациентите во нашата држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница…

December 11, 2025

Нвидиа зделката е голема победа за вработените и инвеститорите во Гроќ

Социјалните медиуми се полни со прашања за необичниот договор и неговото значење за вработените во Гроќ

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Михајло Борозанов во „Бизнис-клуб“: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на држават

Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со м-р Михајло Борозанов,…

October 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери

Цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?