Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто

Објавено July 14, 2025 12:10
Сподели
Сподели

Сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици, спречен обид за криумчарење на половина милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи, 400 илјади парчиња цигари и пури. Во 94 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост запленети 180 илјади парчиња стока. Ова се само дел од резултатите што ги реализирала Царинската управа во изминатата година што денеска ги презентираше директорот Бобан Николовски на настанот „Една година резултати“.

Спречени се прекршочни и кривични дела при што евидентирани се вкупно 520 случаи на заплени или двојно повеќе од годината претходно. Поднесени се и 181 кривична пријава за сторени кривични дела против 307 физички и 99 правни лица или, како што нагласи, за четири ипол пати повеќе споредбено со годината претходно кога биле поднесени 42 кривични пријави.

Ова се историски резултати кои што ќе се паметат во историјата на Царинската управа, истакна Николовски.

Вели дека измината година по направена анализа на состојбите во институцијата работеле на иницирање итни, но одржливи и видливи промени, за поуспешно работење, поголема безбедност, борба против корупцијата, разбивање на организирани криминални мрежи, спречување на криумчарење. Имало зголемени контроли, зголемената професионалност на службите, унапредување на царинските процеси, но и подобрената соработка со компаниите, што, како што рече, резултирало со повисока наплата на приходи во Буџетот.

-Тргнавме силно уште од првиот месец. Денеска Царинската управа претставува еден од главните столбови на кои се потпира државата, симбол за просперитет, симбол за безбедност, рече Николовски.

Зголемените контроли, зголемената професионалност на службите, унапредувањето на царинските процеси, но и подобрената соработка со компаниите, според него, резултирале со повисока наплата на приходи во Буџетот.

-Така во текот на изминатиот период од една година наплативме приходи во висина од над две милијарди евра или речиси 105 милиони евра повеќе од истиот период претходно. Раст на приходите има по секој основ. Приходите од царина бележат раст од 15,2 проценти, од акциза од 7,1 процент, а приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 17 проценти. Ова претставува сериозен износ што се влева во Буџетот за повеќе капитални инвестиции, што ја раздвижаа економската активност и водат до повисок економски раст, нагласи Николовски.

На сите гранични премини и гранични терминали, ставен е во функција системот за видео надзор и систем за препознавање на регистарски таблички, еден од најсовремените во Европа, при што снимките од системите претставуваат и веќе се користат како доказен материјал во предистражни постапки на Царинската управа, како и други истражни органи.

Според директорот на Царинската управа, напредокот во борбата против корупцијата е веќе мерлив и признаен.

– Годинава ДКСК во извештајот за 2024 година не оцени на високо петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет, при што особено се забележани подобрувања во делот на идентификуваните точки на ризици од корупција, како и преземени конкретни чекори за спречување судир на интереси меѓу кои и изречени дисциплински, но и откази за царински службеници кои постапувале спротивно на законите, рече директотот на Управата.

Во изминатиот период, нагласи Николовски, заеднички покажавме дека институциите можат да бидат двигател на позитивни промени кога се водат со визија, а тимската работа е ставена во прв план.

-Не зборуваме веќе за индивидуални успеси – Царинската управа стана симбол на институционален капацитет што колективно испорачува резултати, рече Николовски.

На настанот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски, министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, вицепремиери, министри, директори, пратеници, претставници на бизнис заедницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија
Следна Статија Дејли Телеграф: Британски војник најден убиен и со врзани раце фрлен во резервоар во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски – Мизо: 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања

Македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања, порачаа денеска премиерот Христијан…

March 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Добивка од околу милион евра: Синот на Заев растура во бизнисот со струја

Цвета бизнисот со струја на Душко Заев, синот на експремиерот Зоран Заев. Неговата фирма „Тотал енерџи“ лани имала добивка од…

July 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10, за која Министерството…

June 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска најави завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите,…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?