Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките
МАКЕДОНИЈА

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките

Објавено December 4, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници (околу 140.000 наставници, професори и родители) да ги променат лозинките за да можат да се најават во системот.

Фото: Од е-дневникот на клас во „Коле Неделковски“, Велес

Како што дознава Мета, ученици во училиштето „Коле Неделковски“ во Велес, искористиле ситуација на веќе вклучена професорска е-сметка, па пишувале недолични коментари во е-дневникот, поправале оценки, бришеле евидентирани часови. Дека се случил упад во системот и дека биле менувани податоци, потврди и директорката Весна Стојанова Богоевска, која сепак, не верува дека ова се случило за време на настава со оглед на тоа дека промени во системот биле внесувани во сабота, кога училиштата не работат.

Фото: Од е-дневникот на еден од класовите во „Коле Неделковски“

„Колешка наша кога сакала викендов да заведе часови за оваа недела, забележала несоодветни коментари и избришани часови. Веднаш го пријави случајот, а ние како училиште пријавивме во МОН. Оттаму ни беа дадени насоки да смениме лозинки, апостапката за нечија одговорност ја препуштивме на надлежните. Не знаеме кој го сторил ова бидејќи кај нас професорите имаат службени лаптопи и тие на секој одмор се заклучени во кабинетите. Не верувам дека ова се случило додека траела наставата“, вели Стојанова Богоевска за Мета.

По овој случај, МОН побара од сите корисници на електронскиот дневник да ги променат лозинките за да можат да влезат во дневникот и да се видат оценките и поведението. Оттаму велат дека комплексноста на лозинките го подигнуваат нивото на заштита од злоупотреби на ИТ системите.

„За сите случаи што се пријавени како напади на системи (со оглед на тоа што МОН води повеќе системи поврзани со остварување на воспитно – образовниот процес и на права во областа на образованието и науката), се испраќа барање за стручна проверка од страна на соодветни лица лица од МВР. Во врска со користењето на системите и нивна безбедност, секогаш се применуваат светските пракси. Параметрите за комплексност на лозинките го подигнуваат нивото на заштита од злоупотреби на ИТ системите и оттука произлегуваат и нашите препораки до сите корисници на електронскиот дневник. Пристапот и чувањето на лозинката е одговорност на самиот корисник и таа особено треба да биде висока кога се работи за системи што содржат лични податоци“, велат во МОН.

Иако беше најавено дека ќе има нов електронски дневник, корисниците го користат стариот систем. Новиот требаше да ги надмине проблемите кои се појавуваа во минатото, како на пример, паѓањето на системот посебно пред почеток на зимски или на летен распуст, кога поради преоптовареност, наставниците тешко пристапуваа во е-дневникот за да внесат оцени. Се случуваше наставник да внесе повеќе оценки а системот да му регистрира само една, потоа, се случуваше да го исфрли од систем па да мора повторно да се логира, а имаа и потешкотии во подготовката извештаи за успех и поведение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Јокиќ сам ги победи Вориорс, Дончиќ меч-винер против Мемфис
Следна Статија Македонскиот јазик е 90% бугарски, коментира грчки европратеник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука – подготвени сме да испорачаме само со веродостојни гаранции, вели Мицкоски

Ставот на Владата за уставните измени останува непроменет и тие нема да се случат без јасни гаранции дека процесот на…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето

Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку не зближуваат и прават побогати. Да создадеме и…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Времето на самоволие на безбедносните служби заврши

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека не верува оти во моментов…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонска државјанка протерана од Србија, македонското министерство бара објаснување

Извршната директорка на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ Искра Росо е македонската државјанка и претставничка на…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?