Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Нашите деца нема да учат со насилник“: Целосен бојкот на наставата во ООУ „11 Октомври“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Нашите деца нема да учат со насилник“: Целосен бојкот на наставата во ООУ „11 Октомври“
МАКЕДОНИЈА

„Нашите деца нема да учат со насилник“: Целосен бојкот на наставата во ООУ „11 Октомври“

Објавено December 4, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Нема место за насилник таму каде што учат нашите деца!“. „Нашите деца нема да учат со насилник“! „Со безбедноста на нашите деца нема да преговараме“! Ова го истакнуваат родителите на учениците од ООУ „11 Октомври“ во скопски Центар.

Со бојкот почнаа вчера, а денес ги презедоа во раце сите мерки кои им се на располагање. Вчера децата од прво до четврто одделение не беа на настава, а денес бојкотираат сите ученици.

Ваквата одлука е донесена во знак на бојкот поради префрлање на ученик во нивното училиште откако во другото училиште покажал проблематично однесување и бил насилен кон соучениците.

Неправдата нема да дозволат да падне на нивни грб поради недозволен обид за трансфер на ученик од училиштето „Лазо Ангеловски“, во „11 Октомври“.

Вчера родителите ја објаснија причината за нивниот револт и бојкотирање на наставата во училиштето.

-Факт е дека родителот на конкретното дете чиј идентитет не го откриваме, прикрива факт за поведението на неговото дете во ООУ „Лазо Ангеловски“ и покренува постапка за трансфер редовен што е недозволиво кога детет има такво поведение- насилно, тоа е констатирано согласно упатството на Министерството за образование и наука, и евидентирано не само во училиштето туку и во општина Аеродром. При такви околности е невозможно да се заведе таква постапка, но родителот доаѓа тука ги прикрива тие факти и ја прибавува согласноста без да знае раководството, рече Горан Нациќ, претставник на родители од училиштето „11 Октомври“ и додава дека откако дознале родителите биле на прием кај директорката, која исто така била изненадена, по што ја повлекла согласноста, бидејќи немало услови за таква редовна постапка.

Родителите имале обид да контактираат со Државниот просветен инспекторат, но безуспешно.

Бараат системско решение и да не се врши притисок врз раководството на улилиштето „11 Октомври“, во спротивно бојкотот ќе продолжи.

Родителите стравуваат дека насилното однесување на ученикот ќе се повтори и во новото училиште.

Ситуацијата се разгорела откако родителите дознале дека ученикот претходно бил отпишан од друго училиште за инцидент во кој следел девојче во тоалет, по што го нападнал.

Наставничката која била сведок на настанот го потврдила инцидентот, по што се презеле мерки за негово префрлање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонскиот јазик е 90% бугарски, коментира грчки европратеник
Следна Статија Трагедија во Кисела Вода: 70 годишна жена почина по пад од тераса, дете пренесено во Ургентен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДУИ ја осудува трагедијата во Кочани, бара праведна и транспарентна истрага

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор

Од Основниот суд Кочани за МИА потврдија дека е определена мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

Овој процес треба да биде динамичен. Секој оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски,…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?