Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Тешко се докажуваат случаите со купени дипломи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Тешко се докажуваат случаите со купени дипломи
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Тешко се докажуваат случаите со купени дипломи

Објавено January 19, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Тоа е една многу сериозна ситуација, кога низ целата држава се зборува дека на одредени универзитети или факултети, без оглед дали се јавни или приватни, се купуваат дипломи, односно студентите не го стекнуваат квалитетот на знаење кое треба да го стекнат. Ќе се појават неколкупати или воопшто нема да се појават, а се стекнуваат со диплома, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска на денешната панел дискусија на тема „Подобрување на образованието“.

Министерката истакна дека тешко се докажуваат случаите со купени дипломи.

– Кога се обидувате да добиете релевантни информации, се разбира дека ниту тој што продал, ниту тој што купил ќе застане тоа јавно да го каже. Но, докази за неквалитетот на одредени дипломи гледаме секојдневно кај луѓето кои се вклучени во различни работни процеси во администрацијата, зошто нив ги нема во приватниот сектор, секако, или на некои други работни позиции – рече министерката.

Јаневска додаде дека Министерството за образование и наука врши сериозен мониторинг на работата на факултетите, со цел да запре процесот на издавање на дипломи несразмерни на реалната вредност и на создавање лажен идентитет.

– Докажувањето на ова е малку тешко и е прилично сериозна и макотрпна работа. Меѓутоа, има и други можности преку кои ние прво би се обиделе, а потоа во следен чекор и со сигурност би го запреле овој процес. Тоа значи сериозно мониторирање на работата на факултетите или на универзитетите, преку алатките кои во моментот ни се достапни тоа да го правиме. Тоа значи дека во моментот го користиме Државниот просветен инспекторат и законските можности кои се дадени во Законот за државен просветен инспекторат, Законот за високо образование и со Агенцијата за квалитет во високото образование. Правиме силни напори секаде каде имаме пријава дека се случува нешто нерегуларно да постапиме и постапуваме. Државниот просветен инспекторат во изминативе 6 месеци постапил во 1.400 предмети, што е огромна бројка – објасни Јаневска.

Јаневска нагласи дека во иднина ќе се настапува уште поригорозно, со крајна цел да не се дозволува да ја напуштаат државата оние кои реално вложуваат енергија во образованието и се градат интелектуално.

– Потребно е уште малку време, јас постојано кажувам дека во образование ништо не може да се направи од денес за утре. Треба уште малку време да го заокружиме целиот овој процес, за да можеме после тоа и поригорозно да постапуваме, а ќе постапуваме затоа што доколку дозволиме вакво нешто да се продолжи во иднина, ние ќе имаме сè помалку образовани кадри во државата, а оние коишто ќе бидат подобро образовани ќе ја напуштаат. Проблем со кој во моментов се соочуваме – рече Јаневска.

Во врска со законските измени во образованието, министерката рече дека законот е променлива материја и дека се потребни суштински промени за подобрување на образованието.

– Законската регулатива е многу важна и добро е да имаме добри закони, но, она што е подобро е да ги имплементираме. Затоа во овој период МОН се фокусираше на законски решенија кои се можни за имплементација. Затоа што, познато е дека имаме и многу стратегии и закони кои се добри кога ќе ги погледнеме, но, кои, за жал, во нашата земја не се имплементираат или не може воопшто да се импплементираат. Оттука, водевме многу грижа, она што го правиме да можеме и да го спроведеме – објасни Јаневска.

Јаневска даде одговор на прашањето дали е можно УКИМ да се врати во првите 1.000 универзитети на Шангајска листа.

– Јас сум непоправлив оптимист и по природа амбициозен човек. Со заеднички цели секако ќе можеме, нема причина зошто не би можеле. Интелектуалци, истражувачи, научници во цел свет се исти луѓе. Тие не се разликуваат по нешто, освен по условите во коишто работат и можностите коишто државата им ги нуди, вклучувајќи ги и законските решенија, за да се постигнат тие цели – заклучи Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ го победи Лехечка, во четвртфиналето го чека Алкараз
Следна Статија Мукаетов: Оставаме светол сигнал на патот за идните млади ракометни генерации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Странските инвестиции паднаа за две третини, европскиот пат е целосно заглавен

) - Претседателот на СДСМ енко Филипче оцени дека по две години власт на Христијан Мицкоски, целосно пропаднале клучните економски ветувања…

June 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем ги повикувам да се пријават

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа: Ова е историски ден, рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста

Ова е историски ден, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски за…

January 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект

Без никаква најава градежни машини почнаа да го расчистуваат просторот околу куќата на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, која реално…

May 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?