Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Делото на Кирил и Методиј е историско и цивилизациско наследство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Делото на Кирил и Методиј е историско и цивилизациско наследство
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Делото на Кирил и Методиј е историско и цивилизациско наследство

Објавено May 24, 2026 10:33
Сподели
Сподели

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

– Нивното благословено и благородно дело и денес има обединувачка моќ и се смета за заедничко историско и цивилизациско наследство.
Колку ли благодарни треба да им бидеме за сеуште живото и почитувано слово, без кое, ниту оние пред нас, ниту ние, не ќе можевме да ги разбереме богослужбените книги, ниту да читаме, учиме, пишуваме и твориме, односно да се просветуваме и просветлуваме, прашува претседателката Сиљановска-Давкова.

Во време на неизвесност, длабоки поделби и се поизразена отуѓеност, порачува претседателката на државата, денешниот ден не потсетува дека без култура, образование и наука, но и без вредносен систем, ниту едно општество не може да изгради меѓусебна доверба и заедништво.

– Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку во отворањето можност словенскиот човек, сопствената мисла, вера и културна самосвест да ги артикулира на јазикот што го разбира и чувствува како близок и свој, борејќи се за него и бранејќи го. Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност што еден народ ги пренесува низ времето, од генерација на генерација, вели Сиљановска-Давкова

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Приведени 23 лица на студентските протести во Белград
Следна Статија Дали Русија го употреби „Орешник“: Масовен ракетен напад врз Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нашите туристички организации бараат одложување на EES системот на грчките граници за македонските државјани

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција…

April 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Никој па ни тој: Гостиварскиот градоначалник не чувствува одговорност за труењето со вода

Кризниот штаб е активиран и ќе има телефонски број на кој граѓаните можат да се обратат за помош и снабдување…

July 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Оставката на претседателката на Антикорупциска Димитровска утрово доставена во Собранието

Претседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска поднела оставка утрово во Собранието, потврди за Телма нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ. Во оставката се…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јавното обвинителството контра ДУИ: Ниту еден обвинител не се повлече од истрагата за Кочани

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?