Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан и папата Франциск разовараа за изгледите за мир во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан и папата Франциск разовараа за изгледите за мир во Украина
СВЕТ

Орбан и папата Франциск разовараа за изгледите за мир во Украина

Објавено December 4, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска разговараше со папата Франциск и високи претставници во Ватикан за изгледите за мир во Украина.

Орбан во текот на денот треба да се сретне и со италијанската премиерка, Џорџа Мелони.

Унгарскиот премиер имаше одвоена средба со поглаварот на Римокатоличката црква, а потоа се сретна со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин и со потсекретарот за односи со државите на Ватикан, Мирослав Ваховски.

-За време на средбата посебно внимание беше посветено на војната во Украина, со фокус на хуманитарните последици и напорите за поддршка на мирот, се вели во соопштението на Ватикан.

На состаноците се разговарало и за унгарското претседавање со Европската унија оваа година, „централната улога на семејството и заштитата на помладите генерации“, се наведува во соопштението.

Орбан на социјалните мрежи објави фотографија од утринската миса во базиликата Свети Петар, со порака: „Мораме да ја искористиме шансата за мир!“Орбан, најблискиот сојузник на Кремљ во Европската унија, постојано повикува на мировни преговори и одбива да испрати воена помош за Украина од руската инвазија во 2022 година.

Папата Франциск редовно се моли за мир во глобалните конфликти, а за време на денешната аудиенција повторно зборуваше за Украина, како и за палестинските територии, Израел и Мјанмар

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина скопјанец откако со возило излетал од патот Велес-Скопје
Следна Статија Велика Британија ги украла Мермерите од Партенон, Грција се надева дека ќе и ги вратат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Напредок во воените разговори, но политичките прашања остануваат тешки, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дводневните разговори со Русија во Женева, одржани со посредство на САД, донеле мешани резултати…

February 18, 2026
СВЕТ

Камала Харис гласаше на претседателските избори: Мојот глас веќе патува за Калифорнија

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претстојните претседателски избори, Камала Харис, денеска им изјави на новинарите дека гласала на…

November 4, 2024
СВЕТ

Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп разменија честитки преку помошниците по повод 80-годишнината од победата на Советскиот…

May 9, 2025
СВЕТ

Фото: Автомобил се заби во капијата на американската тајна служба во Вашингтон

Автомобил удри во капијата на Американската тајна служба во Вашингтон, соопшти денеска Прес-службата на организацијата. - Едно лице удри со…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?