Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
СВЕТ

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг

Објавено June 16, 2025 09:54
Сподели
Сподели

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го уапси осомничениот сторител на фаталното пукање во саботата врз демократска политичарка и нејзиниот сопруг, изјави вчера гувернерот на Минесота, Тим Волц.

Американските медиуми претходно објавија дека 57-годишниот маж е приведен. „Њујорк тајмс“ објави дека е обвинет за убиство од втор степен и обид за убиство од втор степен за убиството на двојката во нивниот дом и обидот за убиство на друг демократски политичар и неговата сопруга во нивниот дом.

Осомничениот беше приведен вчера вечерта во округот Сибли, во јужна Минесота, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на полициски службеници.

Наводниот сторител, според истрагите на американските медиуми, работи во индустријата за обезбедување. Пред апсењето на осомничениот, во близина бил пронајден автомобил за кој се сомневало дека му припаѓал. Мажот избегал по злосторството во саботата, што предизвика голема потера по него.

Рано наутро во саботата, вооружениот напаѓач ги уби демократската претставничка Мелиса Хортман, членка на државното собрание на Минесота, и нејзиниот сопруг Марк во нивниот дом во градот Бруклин Парк. Во одделен напад во блискиот Чамплин, демократскиот државен сенатор Џон Хофман и неговата сопруга Ивет беа застрелани и сериозно повредени.

Властите веруваат дека нападите биле политички мотивирани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ од септември со семејството ќе живеe во Атина!
Следна Статија Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies Сликите…

January 10, 2025
СВЕТ

Москва порача: Подготвени сме за директни преговори, чекаме Киев да се јави

Москва чека сигнал од Киев за продолжување на директните преговори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави „Киев пост“. Сигнал…

April 28, 2025
СВЕТ

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на…

March 31, 2025
СВЕТ

Трамп тврди дека ѝ простил на Тина Питерс, окружна службеничка осудена во Colorado

Трамп вели дека ѝ простил на Тина Питерс, значајна личност за MAGA поддржувачите. Таа беше осудена во државен суд и…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?