Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Падна француската влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Падна француската влада
СВЕТ

Падна француската влада

Објавено December 4, 2024 23:15
Сподели
Сподели

Францускиот парламент денеска ѝ изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Мишел Барние

За недоверба на владата гласаа 331 пратеник, значително повеќе од потребното мнозинство од 288.

Барние, кој е на функција само три месеци, сега е должен да поднесе оставка, заедно со оставка на целата влада, до претседателот Емануел Макрон.

Ова е првпат на една влада да и биде изгласана недоверба од 1962 година, кога падна владата на Жорж Помпиду. Дебаклот на француската влада влече корени во одлуката на претседателот Макрон да го распушти парламентот во јуни, што доведе до предвремени избори. Овие избори резултираа со парламент поделен на три приближно еднакви групи без јасно мнозинство, а Макрон не сакаше да им даде доверба на левата или на десната опција, туку на центристите блиски до него.

Ова значеше дека малцинската центристичка влада предводена од Мишел Барние беше на милост и немилост на левичарскиот сојуз Нов народен фронт (НФП) и екстремно десничарскиот Национален собир (РН) предводен од Марин Лепен, кои заедно имаа доволно пратеници за да ја сменат од власт.

Барние во понеделникот најави дека, за да избегне гласање во парламентот, ќе го протурка делот од буџетот што се однесува на социјалното осигурување преку посебна процедура, што не го поддржаа ниту НФП ниту РН. Оваа процедура, пак, им овозможи на претставниците на опозицијата да иницираат гласање недоверба. И левицата и екстремната десница ветија дека ќе го сторат тоа по дебатата, која започна денеска во 16 часот.

Нови избори уставно не се можни пред јуни, а Макрон сега ќе се соочи со голем предизвик во назначувањето нова влада во парламентот, кој е поподелен од кога било, како и повиците за негова оставка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски утре ќе ја презентира новогодишната потрошувачка кошничка
Следна Статија Биткоинот надмина 100.000 долари за прв пат во историјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп: Србија беше подготвена да го нападне Косово, па јас ѝ се заканив со трговска војна ако го сторат тоа

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Србија нила подготвена да го нападне Косово, но дека тој ѝ се заканилл…

June 28, 2025
СВЕТ

Маск предложи тестирање на менталните способности на сите државни службеници во САД

Илон Маск предложи да се воведе тестирање на менталните способности на службениците во САД. Иницијативата доаѓа откако 81-годишната конгресменка од…

December 23, 2024
СВЕТ

(Видео) Најмалку 14 загинати во ураганот Милтон, застрашувачки снимки од воздух

Потврдено е дека најмалку 14 луѓе загинале како последица на ураганот Милтон, јавува Ен-би-си Њуз. Од нив, шест лица загинаа…

October 11, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Ураганот „Мелиса“ стигна до Јамајка, ветрови со јачина до 300 километри на час

Ураганот „Мелиса“ штотуку стигна до копното на југозападниот брег на Јамајка, со ветрови до 300 км/ч – што ја прави…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?