Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително, вели Рита Колумбиа од Обединети нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително, вели Рита Колумбиа од Обединети нации
ЕКОНОМИЈА

На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително, вели Рита Колумбиа од Обединети нации

Објавено December 7, 2024 10:39
Сподели
Сподели

Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба да им се даде можност да бидат активни и да работат, но доколку се здрави и доколку така одлучат, а не задолжително, вели постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, во врска со неодамнешниот предлог на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години.

-Најважно е тоа да биде незадолжително. Затоа што во моментов не сум ниту сигурна дали луѓето на 67 години во Македонија денес се и здравствено способни да продолжат да работат на ист начин како што работеле претходно. Затоа велам дека ова прашање треба сеопфатно да се разгледа и дефинитивно да се даде можност на лицата на возраст над 60 години да бидат активни, да бидат здрави и да можат да работат, ако така одлучат, нагласува таа.

Колумбиа вели дека во моментов земјава се соочува со втора дивиденда.

-Тоа се нарекува втора демографска дивиденда, луѓето живеат подолг живот и можат подолго да придонесуваат за пазарот на трудот, за економскиот развој на земјата. Така што, предлогот за пензионирање на 67 години, не знам дали ќе функционира добро, но она што би рекла е дека инвестирање во луѓето постари од 60 години дефинитивно ќе донесе економска дивиденда. Затоа што ако населението постаро од 60 години, не би требало да речам постаро, и јас сум скоро на таа возраст, значи лицата на возраст над 60 години, ако се поздрави, ако имаат активен живот, ако сакаат да продолжат да работат, можеби не како втора кариера, но би можеле да започнат мал бизнис, на пример, ама тоа да биде по сопствен избор, нагласува таа.

Во интервјуто со Колумбиа разговаравме за кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која е во тек, за состојбата со родовата еднаквост во земјава, за фемицидот, за законските измени во таа насока и дали тие се доволни, како и за начините за справување со негативниот природен прираст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Трикатна зграда се урна во Хаг по експлозија, се трага по преживеани
Следна Статија Уште еден месец за исплата на К-15, казните за работодавците до 3.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пазар на акции: Nasdaq забележа пад; AMD се намалува по извештајот за заработувачка

Преглед на тековните движења на финансиските пазари и влијанието врз технолошкиот сектор

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Популарниот синџир за спортска облека поднесе Chapter 11 банкрот

Трговецот на лиценцирани спортски капи, облека и производи поднесе банкрот за да ја реорганизира својата работа

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информира министерката за финансии,…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Анализата на јазови oткрива клучни сознанија за управување со био-отпад од винската индустрија во Тиквешкиот регион

Сеопфатна анализа на јазови на правната и политичката рамка која ги одредува потребите за развој на модел на циркуларна економија…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?