Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За многу години: Го празнуваме Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За многу години: Го празнуваме Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование
МАКЕДОНИЈА

За многу години: Го празнуваме Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование

Објавено December 8, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Со низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Роден бил околу 830 – 840 година.

Како следбеник на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делото свети Климент и свети Наум Охридски започнаа христијанизацијата на територијата на Македонија, како и просветата, книжевноста, уметноста и културата..

Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител.

Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета (prosvyÃenie = prosvetenie). Станува почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо.

Животот го посветил на Бога и на народот. Свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој се смета за прв словенски универзитет и прв универзитет во Европа.

На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација.

Тој бил пример: и со животот и со делата, и со добродетелите и со дарбите, и со знаењето и со учењето, и со службата и со подвизите, и со учителството и со творештвото – и со целокупната своја личност, која ја имал изградено според критериумите на Евангелието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лидерот на сириските бунтовници: Падот на режимот е близу, бидете милосрдни кон цивилите
Следна Статија Падна Дамаск, Асад со авион избега од земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

45.000 евра казна и затворање на погонот на „Екопор“ поради излевањето на хемикалии во Пинтија

Пожарникари и инспектори на Град Скопје излегоа на терен по еколошкиот инцидент со излевањето на хемикалии од приватната компанија „Екопор“…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до граѓаните од српска националност по повод празникот Свети Сава - Националниот ден на…

January 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Николоски не подлегна на провокација, бугарскиот „новинар“ бадијала дојде во Ѓуешево

„И минатата и оваа година разговаравме за инженерски, а не за политички проблеми на проектот. Она што вие и вашите…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од утре дожд и снег

УХМР информира дека под влијание на влажен бран, утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд…

January 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?