Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници
МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници

Објавено December 8, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, во областа на воспитанието и образованието, и писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази – во областа на културата и уметноста.

Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот Томислав Османли кој, во обраќањето за значењето на св. Климент Охридски и неговата просветителска дејност, рече дека тој е епископ и едукатор кој ги обединува религиските и секуларните вредности кои траат до денес.

– Тие отрајуваат до денешен ден и со своите историски, лингвистички, културни и педагошки значења и вредности, и такви бездруго ќе траат и во иднина… Луѓето од културата, од уметноста, од образованието и воспитанието, чии личности и дела денес ги чествуваме со оваа највисока државна награда, се најдобрите гаранти за тоа заедничко напредување во и на нашата држава и култура, истакна Османли.

Во име на добитниците на наградата се заблагодари професорката од УКИМ, Маја Бојџиевска, која во својот говор го нагласи нееднаквото вреднување на придонесот на жените во овие области и побара тие да го добијат заслуженото место во општеството.

Наградата им ја посвети на, како што рече, сите невидливи претходнички затоа што таа е единствената жена меѓу вкупно осум добитници што годинава ги добија наградите „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“.

– Зарем навистина мислите дека е тоа реалната слика за постигнувањата на жените во нашата средина? Зарем тоа што мене ми беше делегирана задачата да се заблагодарам со овој говор може делумно или симболички да се покрие суштинскиот придонес на жените во овие општествени полиња?… Тоа, се разбира, мора да се промени – не само со најтешката од сите задачи, онаа што се вика промена на свеста, туку со умни, активни, прогресивни политики, базирани на силна убеденост, базирани на искреност, на градење целосно инклузивен систем на вредности, истакна проф. Бојаџиевска.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неподвижен човек побарал помош на 112, откако три дена немал јадено ни пиено
Следна Статија Варварската држава падна, конечно, му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст и трпение, рече Макрон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од 5 јули побрзо поминување граница со Србија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека на 5 јули се очекува официјално да биде пуштен во употреба…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега евакуирани 380 македонски државјани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи  информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода, за да мијат раце и физиолошки потреби вработените трчаат до најблискиот мол

Ни капка вода не тече од втори до 19 кат во зградата на МРТВ. Стотици вработени во повеќе државни институции…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Изјавата на дете од Кочани: Поради таа клета корупција умреа многу невини луѓе

Младо дете во изјава за медиумите ги трогна и предизвика големо внимание, како кај нашите, така и кај светските медиуми:…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?