Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Осомничениот 26-годишник за повеќе кражби во скопско спроведен за издржување 3- дневен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР: Осомничениот 26-годишник за повеќе кражби во скопско спроведен за издржување 3- дневен притвор
ХРОНИКА

МВР: Осомничениот 26-годишник за повеќе кражби во скопско спроведен за издржување 3- дневен притвор

Објавено December 9, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Полицијата соопшти дека вчера во 6.15 часот во село Кучевиште, скопско, е лишен од слобода Д.П.(26) од ова село кој се сомничи дека во текот на годинава во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични дела дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин и за него на социјални мрежи пишуваа граѓаните.

-Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката, информира Министерството за внатрешни работи. 

Како што соопшти претходно Јавното обвинителство, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби. Жртвите биле жени или малолетни девојчиња, кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети, соопшти денеска Јавното обвинителство.

– Обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет вакви кривични дела, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари. Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и особено веројатност да повторува вакви и слични кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информираше обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, но одбраа да приредуваат политички циркус
Следна Статија Песков: Путин лично му даде азил на Асад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат во својот дом

На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Почина возач на Брза помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени

Утрово Кочани и јавноста ја разбуди нова трагична вест за загуба на млад живот. Имено колегите и вработените во Општата…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Грк со автомобил излетал од автопатот кај Смоквица, повредена сопатничка

На 31.12.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот, кај наплатна рампа Смоквица, во правец…

January 1, 2025
ХРОНИКА

Ако може секој македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и вработен во МВР, реагира Тошковски

Ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина. 45 годишен полициски началник од Кочани доби кривична пријава за злоупотреба на службената…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?