Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“
БАЛКАН

Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“

Објавено December 10, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Традиционалните кошнички за празниците што во изминатите години се воведуваат во грчките маркети и продавници и вклучуваат сезонски производи, нема да изостанат ни за божиќните и новогодишните празници, според она што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го најави на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис соопшти дека од среда, постоечката „Кошничка за домаќинствата“ се проширува со шест дополнителни категории производи, неопходни за празничната трпеза, па така „Божиќната кошничка“ ќе вклучува мисиркино, јагнешко и козјо месо, чоколади, милиброд и новогодишна погача, додека пак од 18 декември ќе стартува „Кошничката на Дедо Мраз“ со десет категории на играчки за најмладите.

-Божиќ секогаш им носи радост на семејствата, а особено на децата. Но, значи и дополнителни потреби за возрасните. Затоа, државата мора да биде покрај нив. Не само со општи мерки кои ја подобруваат заработката или ги намалуваат даноците. Туку и со насочени иницијативи за трошоците за празниците, напиша Мицотакис на Фејсбук.

Додаде дека поддршката на семејството „беше и останува приоритет за Владата“.

„Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети беше воведена во ноември 2022 година и содржи над 50 основни производи, а пракса на грчката Влада е во одредени периоди од годината, како што се Божиќ и Велигден да се дополнува со сезонски продукти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Легендарната актерка се бори со опасна болест од 2012 година: „Не можам повеќе ништо“
Следна Статија ФОТО: Орбан на средба со Трамп и Маск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Воз прегази две сестри во Србија – им паднале парите на пругата, па застанале да ги бараат

Сестрите Катарина (32) и Наталија (30) Живковиќ загинаа вчера кога во нив удри воз на необележан железнички премин кај Лапово.…

January 18, 2025
БАЛКАН

Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево

Припадници на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина денеска се обиделе да го приведат претседателот на…

April 23, 2025
БАЛКАН

Српските студенти со велосипеди стигнаа во Стразбур

Околу 80 студенти и членови на академската заедница од Србија денеска со велосипед пристигнаа во Стразбур, откако за 13 дена…

April 16, 2025
БАЛКАН

Бојко Борисов се повлече: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава!

Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца. Ова го…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?