Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За краток период како Влада покажавме дека наша визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: За краток период како Влада покажавме дека наша визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За краток период како Влада покажавме дека наша визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин

Објавено December 10, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Денес имам чест и одговорност да зборувам за еден од најважните столбови на нашата демократија – локалната самоуправа. Таа претставува основа врз која се гради развојот на секоја заедница и мостот кој ги поврзува граѓаните со државните институции, изјави премиерот на Владата, Христијан Мицкоски.

-Локалната самоуправа е срцето на локалниот развој. Таа е тука да ги препознае и задоволи потребите на секој граѓанин, да го унапреди животот во нашите општини и да обезбеди услуги кои се брзи, ефикасни и достапни за сите. Нашата визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин. Да создадеме услови каде општините нема да бидат само администратори, туку активни двигатели на економскиот раст, на иновациите и на социјалната кохезија, потрнцира тој.

„Работите што ги наследивме во поглед на локалната самоуправа и тоа што минатите влади преземале на тој план можам да кажам дека не се добри. Предолго општините биле предмет на политички пазар и поддршката на централната власт исклучиво зависела од тоа дали раководствата на единиците на локалната самоуправа кохабитираат со тие на централната власт.

Па затоа ќе потсетам дека изворно како и доскорешен лидер на опозицијата сум запознаен со тоа низ што се градоначалниците поминуваа на тој план. И на тој план единствено и најголемата цена ја плаќаа граѓаните. Морам да кажам дека тоа станува минато и ако сакаме развој тој ќе е целосен со сите аспекти и чинители вклучени во него.

Вложуваме значителни напори да ја зајакнеме улогата на локалните власти. Преку финансиска децентрализација, инвестирање во инфраструктурата и дигитализација на услугите, покажавме за кус период дека развојот на локалната самоуправа е наш приоритет.

Но, останува уште многу работа. Пред нас е предизвикот да обезбедиме целосна транспарентност, отчетност и еднаков пристап до сите ресурси. Само со заеднички напори и партнерство помеѓу централната и локалната власт можеме да изградиме општини кои ќе бидат пример за добар управувачки модел.

Министерството за локална самоуправа отпочна со постапка за консултации на нов закон за локална самоуправа со кој ќе се надминат сите недостатоци и ќе се инкорпорираат искуствата од праксата. Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат ниту монораси и локални владетели, ниту пак статисти во процесите. Туку фактори за развој и решавање на проблемите“, рече Мицкоски.

-Ние покажуваме со пример дека работиме за сите општини. Преку министерството за локална самоуправа се менаџира процесот кој како Влада го реализираме за 250 милиони евра капитални инвестиции каде пари имаат добиено сите општините кои ги исполнија условите со што покажуваме дека за нас приоритет е локалниот развој, рече Мицкоски.

На крај, дозволете ми да се заблагодарам на овој настан и посветеноста на министерот и сите чинители да обезбедат кохезија но и да истакнам:

Локалната самоуправа не е само ниво на власт. Таа е симбол на нашиот заеднички стремеж за подобар живот. Таа е инструмент преку кој граѓаните ја реализираат својата моќ и визија за подобро утре.

Ајде сите заедно, без разлика на политичките, етничките или географските разлики, да вложиме напори за силни и успешни општини кои ќе бидат гордост на нашата држава, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши на политичкото „Кале“
Следна Статија Мицкоски за денешната полициска акција: Има сомневање дека лица се здружиле и направиле криминал од 6,5 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кирков бара да се затвори Зоолошката во Скопје поради можна епидемија на туберкулоза

Пред три дена во Скопје ЗОО почина младо мајмунче од видот гибон за кој, според нашите сознанија, по извршениот патолошкиот…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mинатата власт го промашила проектот за санација на објектот „стара Комерцијална банка“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ откри дека минатата власт целосно го промашила проектот…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027 година

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека по подолг период на административни и правни пречки започнува процесот…

April 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бримора: Македонија и Бугарија да покажат добра волја и да најдат компромис прифатлив за двете страни

Амбасадорот на Полска, Мариуш Бримора вели дека спорот меѓу Македонија и Бугарија е најдобро да го решат двете држави и…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?