Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велковски: Нулта толеранција за насилството во каква било форма, вклучително и она во дигиталниот свет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Велковски: Нулта толеранција за насилството во каква било форма, вклучително и она во дигиталниот свет
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Нулта толеранција за насилството во каква било форма, вклучително и она во дигиталниот свет

Објавено December 10, 2024 18:00
Сподели
Сподели

По повод Меѓународниот ден на човековите права, заменикот министер на министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на дебата насловена: „Сајбер насилство кон жените и младите во дигиталната ера“ во организација на Кризниот центар „Надеж”.

Во своето обраќање до јавноста Велковски го истакна значењето и сериозноста на сајбер насилството кое ја рефлектира не само динамиката на современото општество, туку и потребата за заеднички и координирани напори за заштита на најранливите.

„Сајбер насилството е форма на агресија која остава длабоки трауми, влијае врз менталното здравје и безбедноста на луѓето и создава чувство на беспомошност, особено кај жените и младите, кои честопати се најчестите жртви. Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, ние сме целосно посветени на справувањето со оваа појава. Нашиот пристап е јасен, нулта толеранција за насилството во било каква форма, вклучително и она во дигиталниот свет,“ истакна Велковски.

Тој посочи на што треба да се работи периодот кој доаѓа, како зајакнување на законската рамка за да се обезбеди казнивост за сите облици на сајбер злоупотреба, но и на унапредување на механизмите за поддршка и заштита на жртвите. Исто така ја посочи едукацијата како клучна односно како младите безбедно да се движат низ дигиталниот простор, да препознаваат знаци на насилство и да ги пријавуваат сите случаи.

„Сајбер насилството врз жените е родово базирана дискриминација која ја нагласува потребата за системски пристап во борбата за родова еднаквост. Тоа е уште еден повик за итно спроведување на Конвенцијата од Истанбул, како и за создавање политики што ќе осигураат ниту една жена да не биде оставена сама во оваа борба,“ истакна Велковски.

Тој додаде дека нужно е создавање општество што ќе понуди поддршка, заштита и превенција. Притоа ја наведе соработката со граѓанскиот сектор, образовните институции, но и со ИТ-компаниите, со цел да се обезбеди конкретни и одржливи решенија.

„Сајбер насилството не е само индивидуален проблем туку закана за целото општество. Борбата против ова насилство мора да биде наш заеднички приоритет. Затоа апелирам до сите институции, граѓански организации, медиуми и приватниот сектор да се здружиме и да го изградиме дигиталниот простор како безбедно и праведно место за сите,“ порача Велковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него, и можеби од Кина
Следна Статија Уапсен е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој беше надвор од државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЗР: ЈСП не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пајак не сакаше да крене непрописно паркирано “службено порше“ во „Дебар Маало“ оти бил на полицаец (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа расправија помеѓу граѓани и пајак служба на ПОЦ поради непрописна…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени

На првиот ден од Новата година утрото ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Давитковски: Да се подели судскиот процес за кочанската трагедија – во спротивно судењето ќе трае долго

Ако не се подели судскиот процес за трагедијата во Кочани судењето ќе се развлече и ќе трае многу долго вели…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?