Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“

Објавено December 11, 2024 18:00
Сподели
Сподели

По вчерашната успешно спроведена акција и донесената Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 лица, денеска предметните обвинители до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставија предлози за изрекување на мерка притвор за деветмина осомничени. До моментов се прифатени предлози за осуммина осомничени, а за едно лице судијата на претходна постапка треба да донесе одлука до крајот на денешниот ден.

Ценејќи дека се исполнети условите, а заради непречено водење на кривичната постапка, обвинителството до судијата на претходна постапка предложи на останатите осомничени да им бидат определени мерки на претпазливост како поблаги мерки за обезбедување присуство и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи судијата на претходна постапка, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Обвинителите во текот на денешниот ден до Основниот кривичен суд доставија и пет предлози за времени мерки за обезбедување на имот на дел од осомничените.

Во текот на вчерашниот ден при претресите пронадени и одземени се парични средства во вкупен износ од 208 000 евра, над 30 мобилни телефонски апарати, компјутери, лап-топи, УСБ стикови, едно моторно возило марка BMW и обемна документација поврзана со кривично правниот настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бизнис секторот со пофалба за Буџетот за 2025 година: Подобра иднина за бизнисот и раст на економијата
Следна Статија Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник избоден откако бил нападнат од група малолетници кај Железничка

Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со убодни рани бил…

November 21, 2024
ХРОНИКА

Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази

На денешното судење за случајот „Адитив“, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека, Обвинителството истакна дека има цврсти…

May 29, 2025
ХРОНИКА

21-годишник се обидел со нож да се пресметува со полицијата

Вчера во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје. Во моментот…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Едниот е приведен,за другиот има потерница по тепачката со секира во Струмица

По објавување на видео на социјалните мрежи од тепачка во центарот на Струмица и во која едно лице употреби и…

July 27, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?